Леќа (оптика)

(Пренасочено од Оптичка леќа)

Леќа — проѕирно тело, заградено со две мазни сферни површини или една сферна, а друга рамна. Леќите кои на средината се подебели, се нарекуваат испапчени или собирни леќи (конвексни), а леќите кои се подебели на краевите, се нарекуваат вдлабнати или растурни леќи (конкавни). Леќите најчесто се изработуваат од стакло, иако може да бидат изработени и од друг провиден материјал. Правата која минува низ центарот на леќата е главна оптичка оска, а точката О е оптички центар на леќата.

Леќи

Прекршувањето на светлината низ собирните и растурните леќи, може да се објасни ако се земе дека леќата е составена од множество елементарни призми. Кај собирните леќи, сите призми се свртени со основата кон главната оптичка оска, а кај растурните леќи, обратно.

Реципрочната вредност на жаришното (фокусно) растојание (1/f) ја определува јачината на оптичката леќа (Ј):

Оптичката јачина на леќата се мери со единицата диоптер (D). Една леќа има јачина еден диоптер, ако нејзиното жаришно растојание е еден метар. Леќата има јачина 2 D, ако жаришното растојание ѝ е 0,5 м.

Оптичката јачина на собирните леќи е земена како позитивна, а оптичката јачина на растурните леќи е земена како негативна. Фокусното растојание е мерка за јачина на прекршување на светлината низ леќата. Јачината на леќата(Ј) е обратно пропорзионална со фокусното растојание.

Галерија

уреди