Opera

интернет пребарувач
(Пренасочено од Опера (прелистувач))

Opera е бесплатен прелистувач развиен од норвешката компанија Opera Software. Прелистувачот е мултиплатформски, односно можно е да се користи во повеќе оперативни системи.

Opera
Opera 80 на Windows 10
ПрограмериOpera Software
Првично издание10 април 1995 (1995-04-10)
Стабилно издание115.0.5322.119[1] Уреди википодатоци / 23 декември 2024
Прог. јазикC++
Опер. системWindows 7 или понов,[2] macOS, Linux
Големина2550 KB
Јазици42 јазици[3]
Видинтернет алатка
Лиценцафривер
Мреж. местоopera.com

Првпат „Opera“ се појави за Windows оперативниот систем во 1996 година, а денеска актуелна е верзијата 10.10.

„Opera“ се справува со вообичаени интернет-ориентирани задачи како: приказ на мрежни страници, праќање и примање електронски пораки, ракување со контакти, IRC дискусии, преземање податотеки преку BitTorrent и читање на известувања. „Opera“ е бесплатна за лични сметачи и мобилни телефони, но е комерцијален производ за останати уреди.

Главни одлики на „Opera“ се голема брзина, прелистување во јазичиња, зумирање на страници, гестови со глушец и вграден управувач за преземања. Безбедносните одлики вклучуваат вградена phishing заштита, силна енкрипција при прелистување безбедни мрежни места, како и можност за лесно бришење приватни податоци од тип на HTTP колачиња и прелистувачка историја со едноставно притискање на копче.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. "Opera 115.0.5322.119 Stable update"; кратко име на авторот: Opera Team; датум на издавање: 23 декември 2024; датум на проверка: 23 декември 2024.
  2. „Opera system requirements“. Opera Software. Посетено на 22 март 2018.
  3. „Opera for Windows — language files“. Opera Software. Архивирано од изворникот на 2012-06-28. Посетено на 2008-04-02.