Опел Синтра — повеќенаменско возило (MPV) произведено од германскиот производител Опел чие производство започнало во 1996 година и завршило во 1999 година. Исто така, моделот бил продаван како Воксхал Синтра во Обединетото Кралство.

Опел Синтра
ПроизведувачЏенерал моторс
Познат и какоВоксхал Синтра (Обединето Кралство)
Производство1996–1999
СклопувањеДоравил, САД
НаследникОпел Зафира
Шевролет Апландер
Класаминиван (M)
Вид каросерија4-врати MPV
ПлатформаПлатформа GM U
Мотор
Пренос5-брзини (рачно)
4-брзини (автоматско)

Тој бил увезен во Европа од Соединетите Американски Држави, каде „Џенерал моторс“ произведува идентични модели под брендот на „Шевролет“, „Олдсмобил“ и „Понтијак“.

Историја

уреди

Името на моделот било избрано преку компјутер со список на кратки, едноставни зборови за изговарање, а не по историскиот португалски град Синтра. Синтра е специјално заснован на кратката верзија на меѓуоскиното растојание од втората генерација на Џенерал моторс со У платформа и има исто меѓуоскино растојание со Шевролет и Понтијак Монтана/Транс Спорт и слични надворешни димензии. Овој модел бил произведуван во Доравил, САД.

ABS-сот бил стандарден, како и двојните предни воздушни перничиња, двојните воздушни перничиња од предните страни и затегнувачите на безбедносните ремени. Моделот не користел мотор LA1 3400 V6, туку мотори на Опел (кој требало да се увезат во Соединетите Држави за монтажа). Новина за оваа генерација било тоа што биле инсталирани филтри за воздух во кабината, на кои лесно може да се пристапи од внатрешноста.

Синтра имала значително влијание врз развојот на каросеријата U, затоа што Џенерал моторс сакал да го задржи моделот слично во димензиите со европските големи миниван автомобили. Ова влијание продолжило и преку третата и последната генерација, иако ниту еден не бил продаван во Европа.

Синтра се одликува со лизгачки задни странични врати од обете страни и бил достапен во различни конфигурации за седење, обезбедувајќи седишта од 5 до 8 патници. За разлика од своите северноамерикански колеги, тој понудил рачен менувач наместо автоматски менувач, и менувачката брзина била монтирана директно на подот како и постарите генерации на европските минивани.

Доверливост

уреди

Овој модел се покажал релативно несигурен.[1] . Во 2000 и 2001 година, до кое време бил повлечен од продажба, Синтра бил рангиран како најмалку задоволителен автомобил што го поседувал во „истражувањето за задоволството на клиентите“ на JD Power, опфаќајќи автомобили во Велика Британија. Моделот бил повлечен од Европа во текот на летото 1999 година, во време кога била претставена новата Опел Зафира, модел кој бил помал но се покажал далеку поуспешен од Синтра[2].

Наводи

уреди
  1. Enright, Andy (8 November 2008). „Vauxhall Sintra (1997 - 1999) : Forgive us for our Sintras“. Uk.cars.yahoo.com. Архивирано од изворникот на 16 July 2011. Посетено на 1 August 2012.
  2. Kevin Blick (Ed) (May 2001). „J D Power Survey 2001“. BBC Top Gear Magazine (92): 99–124.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди