Опел Регент — луксузен автомобил, кој се произведувал во периодот од 1928 до 1929 од страна на германскиот производител Опел. Моделот имал две варијанти, едната со две врати (седан), а другата купе со две врати[2]. Официјалното име на моделот било Опел 24/110.

Опел Регент 24/110
ПроизведувачОпел
Производство1928–1929
ПретходникОпел /30 (10/35) PS
НаследникОпел 1.8 литри
Класалуксузен автомобил
Вид каросерија4-врати седан, 2-врати купе
Мотор8-цилинтри[1]
Меѓуоскино раст.3,700 mм (145.7 ин)
Должина5,400 mм (212.6 ин)
Ширина1,830 mм (72.0 ин)
Висина1,760 mм (69.3 ин)
Нетоварена тежина2,200 kg (4,850 lb)

Регент бил долг 5.400 мм и бил достапен за 25,000 марки. Имал осум цилиндричен мотор со капацитет од 6 литри кој дозволува најголема брзина од 130 км на час.

Во март 1929 година, Џенерал моторс купил 80% од акционерскиот капитал на Адам Опел АГ. Бидејќи ЏМ се плашел од преголема конкуренција, сите 25 претходно продадени модели на Регент требало да бидат повторно купени. Од овој модел не е сочуван ниту еден автомобил.

Името Регент било подоцна користено за луксузни верзии на некои модели, како што е Опел Регент 1.8 литри во 1932 година[3].

Наводи

уреди
  1. „1928 Opel Regent 8 cylinder luxury sedan“. GM Photostore. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 7 July 2012.
  2. „Opel History 1920-1929“ (PDF). GM Media. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 7 July 2012.
  3. „1932 Opel Regent 1.8 Liter“. GM Photo Store. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 7 July 2012.

Надворешни врски

уреди