Olympus E-400
Olympus E-400 („Олимпус Е-400“) — дигитален рефлексен фотоапарат (DSLR) од производителот Olympus пуштен во продажба на 14 септември 2006, кој го користи објективскиот систем 4:3.[1]. Овој 10-мегапикселски апарат може да се спореди со други вакви (DSLR) апарати излезени летото 2006 со споредлива пикселажа и цена: Sony α 100, Nikon D80, Canon EOS 400D и Pentax K10D.
Olympus E-400 | |
---|---|
Тип | Дигитален еднообјективен рефлексен фотоапарат (DSLR) |
Сликозафатник | 17,3 x 13,0 мм 4:3 систем RGB CCD-сликозафатник 2x FOV-поткастрување |
Најг. разделност | 3648 x 2736 (10 делотворни мегапиксели) |
Објектив | променливи 4:3 објективи |
Брзина на затворач | 60–1/4000 с |
Светломер | низобјективно мерење (TTL) со отворена бленда 49-зонски повеќеелементен Опсег: 1 до 20 EV (50 мм F2, ISO 100) |
Режим на излож. | A (автоматски) P (програмски автоматски) A (приоритет на бленда) S (приоритет на затворач) M (рачно) |
Светломер. режими | дигитален ESP средишно-тежишен точка светлинска точка сенлива точка |
Жаришни површини | 3 точки со TTL фазна разлика |
Жаришни режими | единечно AF ( S-AF ) Непрекинато AF ( C-AF ) рачно изострување. ( MF ) S-AF + MF C-AF + MF |
Непрекин. сликање | 3 кадри/сек до 10 кадри (прибл.) во висококвалитетен (HQ) JPEG режим 3 кадри/сек до 5 кадри (RAW) |
Гледало | оптичка пентапризма 0,92x |
ASA/ISO опсег | ISO 100–1600 во 1/3 чекори Предупредување за шум > ISO 800 |
Блиц | вграден, отскокнувачки, бр. на водилка 10 м при ISO 100, папуча |
Прилагодлив WB | 7 / +7 чекори за секоја R-B / G-M оска |
Заден екран | 6,4 см TFT LCD, 215.000 пиксели |
Склад | компактна флеш (тип I и II), xD склад. картичка |
Батерии | литиумскојонски, на полнење |
Тежина | 375 г. (само куќиште) |
Фотоапаратот E-400 е значаен по своите мали димензии, по тоа што нема дршка и по тоа што користи помал сликозафатник. Тежи само 375 гр, а по големина е приближен на филмски апарати со рачно изострување, направен да потсетува на апаратите од системот Olympus OM. Апаратот оди во комплет со два телеобјектива, 14–42 мм (еквивалентен на 28–84 мм 35-милиметарски формат), f/3,5–5,6 стандарден телеобјектив со тежина од 190 г и 40–150 мм (еквивалент на 80–300 мм) f/4,0–5,6 долг зум со тежина од 220 г. Препорачаната цена на варијантата со еден објектив изнесувала 700 фунти, а варијантата со два изнесувала 850 фунти.[2]
E-400, како и сите фотоапарати од E-системот на Олимпус, го користи патентираниот филтер со надзвучни бранови за намалување на прашина од сликозафатникот кое се врши автоматски при вклучувањето на апаратот и по барање на корисникот; ова во најголема мера го елиминира проблемот со насобирањето на прашина во сликозафатникот.
Моделот E-400 бил контроверзен бидејќи производителот го нудел само во Европа. Остатокот од светот морал да го причека моделот E-410, кој излегол дури на пролет 2007 г. и го немал истиот Кодаков сликозафатник како E-400, туку го заменил со сликозафатник од Панасоник. Некои фотографи тврдат дека сликозафатникот на Кодак дава премин на боите и слика со повисок квалитет при пониска ISO-вредност.
Наводи
уреди- ↑ Olympus imaging (14 септември 2006). "Olympus E-400: Најмалиот и најлесниот рефлексен фотоапарат на светот". Соопштение за печат. (англиски)
- ↑ Карен М. Чунг (14 септември 2006). „Olympus го најавува „Најмалиот дигитален рефлексен фотоапарат" E-400 за Европа“. DigitalCameraInfo.com.[мртва врска]
„Olympus E-400“ на Ризницата ? |