Оливер Вуксановиќ
Оливер Вуксановиќ е адвокат роден на 30 септември 1966 година, во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Во периодот од септември 1995 година до март 2001 година бил вршител на должност на Прв Извршен директор на канцеларијата на „A.T.E.O.” во Македонија, Асоцијација на трговски европски организации, со седиште во Брисел („A.T.E.O.” Association of Trading European Organisations).[1] Адвокатот Оливер Вуксановиќ ја продолжува традицијата на првата Адвокатската канцеларија ВУКСАНОВИЌ која датира од 1867 година, кога во Цетиње, Црна Гора е основана првата адвокатска канцеларија ВУКСАНОВИЌ, чиј основач е адвокатот Вук Вуксановиќ.[1]
Кариера
уредиНеформално образование
уредиОливер Вуксановиќ има завршено повеќе курсеви и семинари со кои го подобрил своето знаење од областа на правото. Меѓу другите се:
- Школа за брокерско-берзанско работење и тргување со хартии од вредност во организација на Владата на Република Македонија, во период од 06.1997 – 03.1998 во времетраење од 9-девет месеци, Скопје
- Oбука за спречување на перење на пари и корупција во организација на Council of Europe anti-Corruption Group (GRECO), 10.2012, Скопје
- Базична обука за практична примена на Законот за кривична постапка во Република Македонија во организација на U.S. Department of State – Bureau of International Narcotics and Law Enforcement Affairs (INL), American Bar Association Rule of Law Intiative и Адвокатска комора на Република Македонија, 07.2012, Скопје
- Базична обука за практична примена на Законот за кривична постапка во Република Македонија во организација на OSCE Organisation for Security and Cooperation in Europe – Spillover Monitor Mission to Skopje, и Академија за судии и обвинители на Република Македонија, 09.2011, Скопје
- Oбука за спречување на перење на пари и корупција во организација на Council of Europe anti-Corruption Group (GRECO), 10.2010, Виена, Австрија
- Обука за едукатор за практична примена на Европската конвенција за човекови права во Република Македонија во организација на : OSCE Organisation for Security and Cooperation in Europe, Spillover Monitor Mission to Skopje, 12.2009, Скопје
- Обука за едукатор за практична примена на Законот за малолетничка правда во Република Македонија во организација на OSCE Organisation for Security and Cooperation in Europe, Spillover Monitor Mission to Skopje, 11.2009, Маврово
- Обука за актуелности во правото на Република Македонија и на Европската Унија во организација на Асоцијација за правоекономски истражувања и едукација „ЈУРИДИКА“, 10.2009, Скопје
- Базична обука за практична примена на Законот за малолетничка правда во Република Македонија во организација на OSCE Organisation for Security and Cooperation in Europe, Spillover Monitor Mission to Skopje, 05.2009, Скопје
Библиографија и издадени трудови
уреди- 2004 “Договор за закуп – историски приказ и појавни облици” Годишник на МЕЃУНАРОДЕН ПРАВЕН ФОРУМ, Белград, 2004,
- 2005 “Институти на Европските Заедници и на Евраопската Унија и нивната улога и функција во процесот за прием на Република Македонија во ЕУ во асоцијативно а понатаму и полноправно членство во ЕУ”, Годишник на МЕЃУНАРОДЕН ПРАВЕН ФОРУМ, Белград, 2005,
- 2006 “Музичко авторско дело и правна природа на авторските договори за издавање музичко дело со осврт на авторскоправна заштита на авторот на музичко дело” Судиска ревија, број 3 – 4, Здружение на судиите на Република Македонија, 2006,
- 2007 “Организиран криминал – компаративно истражување за различните нормативни и теориски дефинирања на организираниот криминал како специфична форма на криминалот” – Годишник на МЕЃУНАРОДЕН ПРАВЕН ФОРУМ, Белград, 2007
- Во дневните весници има објавени преку 90 текстови во кои се обработувани актуелните политички збиднувања.
Членување во меѓународни асоцијации
уредиЧлен на “MENSA Internacional”
Од 1995 член на ATEO – The Association of Trading European Organisation
Од 2008 член на IBA – International Bar Association
Од 2008 член на NACDL – National Association of Criminal Defense Lawyers
Од 2008 член на AIEL – The Association of Law Office Independent European Lawyers
Од 2009 член на CBA – The Criminal Bar Association
Од 2009 член на ECBA – European Criminal Bar Association
Од 2009 член на EYBA – European Young Bar Association
Од 2009 член на COMB – The Commercial Bar Association
Од 2009 член на IABA – Inter-American Bar Association
Од 2009 член на IPBA – Inter-Pacific Bar Association
Од 2009 член на ABCL – The Association of Business and Commercial Lawyer
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-07-02. Посетено на 2015-09-22.