Олдтајмер
Олдтајмер[1] или возило со историско значење — секое моторно возило постаро од 30 години што му одговара на изворниот модел што е можно поприближно.
За историско возило, односно за многу стар автомобил или мотоцикл, името олдтајмер стана популарно меѓу луѓето. Точната старосна дефиниција за класичен автомобил варира низ целиот свет, но заедничко за сите нив е тоа што возило старо над 30 години спаѓа во групата на историски возила.[2]
Светската федерација за историски возила - ФИВА, го дефинира историското возило како моторно возило:
- кое е старо најмалку 30 години
- кое е сочувано и одржувано во добра состојба
- кое не се користи како секојдневно превозно средство
- и кое е дел од техничкото и културното наследство.[3]
Олдтајмерите се групирани по години старост, односно година на почетокот на производството на одреден модел и се поделени според состојбата на зачуваност на примерокот.
Поделба според годините на старост:
- класа А ancestor - пред 31.12.1904
- класа Б veteran - од Б од 01.01.1905 до 31.12.19
- класа Ц vintage - од 01.01.1919 до 31.12.1930
- класа D post vintage - од 01.01.1931 до 31.12.1945
- класа Е postwar - од 01.01.1946 до 31.12.1960
- класа F oldtimer - од 01.01.1961 до 31.12.1970
- класа G oldtimer - од 01.01.1970, но постаро од 30 години.[2]
Поделбата по состојба на примерокот е поделена на совршена состојба, одлична состојба, многу добра состојба, добра состојба, нецелосна состојба и состојба на основните делови.[2]
Галерија
уреди-
Шкода 422
-
Ситроен траксион аван (Ситроен преден погон)
-
Фолксваген Буба
Наводи
уреди- ↑ „олдтајмер“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Знате ли шта је олдтајмер?“. niskevesti.rs. Архивирано од изворникот на 03. 03. 2017. Посетено на 2. 3. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „FIVA ID Card Applications & Guidelines“. fiva.org. Архивирано од изворникот на 03. 03. 2017. Посетено на 2. 3. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help)