Олга (кована пара)
Олга — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2015 година.
Олга | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Серија | Ден на Ангел |
Номин. вредност | 100 денари |
Метал | сребро 925 |
Тежина | 28,28 г |
Димензии | 30 x 50 мм |
Облик | јајчест |
Раб | мазен |
Издадена | 2015 |
Цена | 3.500 ден. |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето од парата е прикажан ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел на лицето на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажни натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.[1]
Опачина
уредиНа опачината од парата, во средишниот дел од монетата е претставена слика на Света Олга, сопруга на киевскиот велики кнез Игор Рјурикович. Кнегињата Олга била првата жена владетел во Русија и првата владетелка на Русија, која го прифатила христијанството. Таа била канонизирана како прва руска светителка од православната црква. На десната страна е прикажан леопард, симбол на името на Олга. На левата страна е вметнат жолт кристал „сваровски“, кој го претставува среќниот камен на Олга (килибар). На десната страна е напишано името „Олга“ (на македонски и на руски јазик), а на левата страна се прикажни натписите: „Ден на Ангел“ (на македонски) и ознаката „Аg 925“.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „ОЛГА"“. Посетено на 8 јануари 2018.