Ознака на потеклото на производ и географска ознака
Ознака на потекло на производ и географска ознака
уреди- Заштитата на географските називи и обележја е со цел тие да се користат за означување на специфични производи кои потекнуваат од одредено географско подрачје, како и условите за стекнување на правото за нивно користење. Тоа е посебен вид на право од индустриска сопственост кое по својата содржина се разликува од другите права.
- Сфаќањето за големото економско значење на користењето на географските називи за обележување на специфични производи од одредено подрачје расте со порастот на свеста дека квалитетот на производите и гаранцијата за постојаноста на тој квалитет се значаен фактор во освојување на пазарите. Заштитените географски називи ја имаат точно таа улога. Според критериумите за нивна заштита и користење, географските називи му укажуваат на потрошувачот дека тоа се производи кои имаат посебни својства и квалитет. Со тоа тие претставуваат гаранција за квалитет.
- Користењето на заштитените географски називи за означување на производите кои потекнуваат од определено подрачје претставува моќно средство за пропаганда. Со тоа се дава јасна порака на потрошувачот зе вистинското потекло на производот и за посебниот квалитет и својства кои ги има тој производ, а кои се резултат на природните услови на тоа подрачје или на традиционалните знаења кои ги имаат луѓето од тоа подрачје. Ова е особено значајно за неразвиените земји и земјите кои преминуваат во пазарно стопанство, т. н. земји во транзиција.
Постапка за заштита и признавање на право на користење
уреди- Постапка за заштита на географски назив, односно за признавање на правото на користење на заштитен географски назив се поведува со пријава која содржи барање за заштита на географскиот назив, односно барање за признавање на правото за користење на заштитениот географски назив и други прилози пропишани со овој закон.
- Пријавата за заштита на географски назив можат да ја поднесат: физички и правни лица кои произведуваат определен производ и форми на здруженија кои можат да стекнуваат право и преземаат обврски во однос на заштитата, односно правото на користење и државен орган, единица на локална самоуправа и коморите заинтересирани за заштита на географските називи на подрачјето на нивното дејствување.