Одрекувањето на Свети Петар (Рембрант)

Одрекувањето на Свети Петар — слика од 1660 година на Рембрант, сега во Државниот музеј во Амстердам. Го прикажува одрекувањето на Петар, настан од Страдањата на Исус.

Одрекувањето на Свети Петар
холандски: De verloochening van Petrus
Одрекувањето на Свети Петар
Творец Рембрант
Година 1660 (1660)
Вид слика
Материјал масло на платно
Тематика Трите чина на одрекување од Исус на апостол Петар како што е опишано во четирите евангелија од Новиот завет.
Димензии 154 см × 169 см
Место Државен музеј, Амстердам
Сопственик Државен музеј во Амстердам

По Тајната вечера, Исус е уапсен и одведен во куќата на првосвештеникот Кајафа на судење од Синедрионот. Апостол Петар тргнал по Исус, каде што една слугинка го препознала како еден од Исусовите следбеници. Петар во бела наметка го покажува своето одрекување, а лево се прикажани двајца вооружени чувари. Во позадина, Христос гледа преку неговото рамо додека го водат до дворот на Пилат.[1]

Сликата е со големина 154 х 169 см. Потпишана е и датирана со „Рембрант 1660“.[1]

Рембрант никогаш не патувал во Италија, како што правеле многу негови современици. Затоа се смета дека темите како што е Одрекувањето ги третирал во голема мера според графиките базирани на странски дела. Во овој случај има две гравури, и двете базирани на слики на фламанскиот уметник Жерар Сегерс, кои имаат влијание на Одрекувањето на Рембрант. Првата е од Шелте а Болсверт,[2] втората гравура е од Џовани Антонио де Паоли.[3]

Откако поминала низ рацете на неколку колекционери и дилери на уметнички дела во Холандија, а потоа и во Франција, сликата ѝ била продадена со 118 други уметнички дела на Катерина II од Русија во 1781 година. Останала во колекцијата на музејот Ермитаж во Санкт Петербург додека не била продадена тајно со други дела од владата на Советскиот Сојуз. Била купена од музејот Ријкс во Амстердам во 1933 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Rijksmuseum
  2. British Museum
  3. Henkel, M. D. (April 1934). „The Denial of St. Peter by Rembrandt“. The Burlington Magazine for Connoisseurs. 64 (373): 153–155, 158–159. JSTOR 865663.

Библиографија

уреди
  • Roberta D'Adda, Rembrandt, Milano, Skira, 2006.

Надворешни врски

уреди