Одредот на отпишаните: Нова мисија
Одредот на отпишаните: Нова мисија (оригинален англиски наслов: The Suicide Squad) ― американски суперхеројски филм од 2021 година, заснован на тимот од DC Comics, Одредот на отпишаните. Филмот е продуциран од DC Films, Atlas Entertainment и The Safran Company, а дистрибуиран бил од Warner Bros. Pictures. Филмот е независно продолжение на Одредот на отпишаните (2016) и 10-ти филм од Проширениот универзум од DC (DCEU). Сценариото и режијата се од Џејмс Ган, а во ансамблска поделба на улогите глумат Маргот Роби, Идрис Елба, Џон Сина, Јуел Кинаман, Силвестер Сталоне, Виола Дејвис, Дејвид Дастмалчијан, Даниела Мелкиор, Мајкл Рукер, Џеј Кортни, Питер Брајс Капалди, Алис Брага и Пит Дејвидсон. Во филмот, работна група од осуденици позната под името „Одредот на отпишаните“ во замена за полесни казни е испратена да ги уништи доказите за џиновската вонземјанска ѕвезда . Тие се испратени во јужноамериканската островска држава Корто Малтезе за да ја уништат џиновската вонземска морска ѕвезда Старо Освојувачот.
„Одредот на отпишаните: Нова мисија“ | |
---|---|
Податотека:The Suicide Squad (film) poster.jpg Промотивен постер | |
Режисер | Џејмс Ган |
Продуцент |
|
Сценарист | Џејмс Ган |
Главни улоги | |
Музика | Џон Марфи |
Кинематографија | Хенри Брахам |
Монтажа |
|
Студио | |
Дистрибутер | Warner Bros. Pictures |
Премиера | јули 30 2021 |
Времетраење | 132 минути[1] |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $185 милиони[2] |
Бруто заработка | $168.7 милиони |
Одредот на отпишаните: Нова мисија премиерно бил прикажан во Обединетото Кралство на 30 јули 2021 година. Филмот добил позитивни критики од критичарите, кои ги пофалиле глумењето, сценариото и режијата на Ган, акционите делови, саундтракот и визуелниот стил, и што многумина сметаат дека е значително подобрување во однос на својот претходник. Филмот станал најстримуваниот DCEU филм на HBO Max, но слабо поминал во бокс офисот и заработил 168,7 милиони долари наспроти буџетот од 185 милиони долари, што се должи на Ковид-19 пандемијата, достапноста на филмот на HBO Max и поврзувањето со првиот филм за Одредот на отпишаните.
Дејство
уредиРазузнавачот Аманда Валер, од затвореници во казнено-поправен дом, составува два тима познати под името „Одред на отпишаните“ кои за да им се намалат казните се согласуваат да одат во мисија. Тие не знаат за постоењето на другиот тим. Испратени се во јужноамериканската островска држава Корто Малтезе чија влада е соборена од антиамерикански режим, со задача да ја уништат лабораторијата Јотунхајм од нацистичката ера, во која се наоѓа тајниот експеримент „Проект морска ѕвезда“. Првиот тим е целосно уништен од војската на Корто Малтезе, а преживуваат само водачот на тимот, полковникот Рик Флег и Харли Квин. Заседата на првиот тим служи како диверзија и му дозволува на вториот тим неприметно да влезе во земјата. Тимот се состои од атентаторот Блодспорт, Миротворец, Кралот Ајкула, Полка-дот Мен и Раткечер 2.
Валер му наредува на одредот да го пронајдат Флаг, кој избегал од војската, но бил заробен од бунтовниците. Тимот ја наоѓа базата на бунтовниците и ги убива, но потоа дознаваат дека водачот на бунтовниците Сол Сорија го спасил Флег. Сепак, Сорија се согласува да им помогне да се инфилтрираат во главниот град за да го фатат Мислителот, главниот научник од проектот Морска ѕвезда. Харли е заробена од владата на Корто Малтезе и ја носат кај новиот диктатор Силвио Луна, кој сака да се ожени со неа. Откако Харли дознава дека Луна сака да го користи проектот Морска ѕвезда, таа го убива и бега. Им се придружува на другите, кои го користат Мислителот за да упаднат во Јотунхајм и да почнуваат да местат експлозив.
Флег и Раткечер 2 влегуваат во лабораторијата каде се наоѓа проектот Морска ѕвезда и таму го наоѓаат Старо Освојувачот, џиновски вонземјанин налик на морска ѕвезда, кој од себе испушта помали морски ѕвезди кои убиваат луѓе и ги контролираат нивните тела. Мислителот им кажува дека американската влада го донела Старо на Земјата, и со децении тајно ги финансирала експериментите во кои граѓаните од Корто Малтеза биле користени за опит. Флег е бесен поради тоа и решава преку хард диск да ги протече доказите за тоа, но Миротворецот, кој има наредба од Волер да ја прикрие вмешаноста на САД веднаш го убива. Во меѓувреме, за време на престрелката меѓу остатокот од одредот и војската, Полка-дот Мен случајно предвреме го активира експлозивот. Додека Јотунхајм се распаѓа, Раткечер 2 доаѓа до дискот. Миротворецот се обидува да ја убие затоа што ја знае вистината за Старо, но Блодспорт го застрелува и го зема дискот.
Старо бега од уништениот Јотунхајм, брутално го убива Мислителот и голем дел од војската, по што почнува да презема контрола врз населението од островот. Валер го известува одредот дека ја завршил мисијата и тие добиваат наредба да си заминат. Сепак, Блодспорт одлучува одредот да се соочи со Старо; Валер се обидува преку копче да ги убие поради тоа, но нејзините подредени ја спречуваат со тоа што ја нокаутираат. Откако Старо го убива Полка-дот Мен, Харли во окото му пробива дупка, а Раткечер 2 ги повикува стаорците од градот до смрт да го гризат Старо одвнатре. Сорија ја презема контролата врз владата и ветува демократски избори. Блодспорт ја принудува Валер да го ослободи него и другите преживеани членови од одредот а за возврат ѝ ветува дека содржината од хард дискот ќе ја чува во тајност. Со хеликоптер заминуваат од Корто Малтезе.
Наводи
уреди- ↑ „The Suicide Squad (15)“. British Board of Film Classification. July 27, 2021. Архивирано од изворникот July 31, 2021. Посетено на July 31, 2021.
- ↑ Rubin, Rebecca (August 4, 2021). „Box Office: 'The Suicide Squad' Targets $30 Million-Plus Opening Weekend“. Variety. Архивирано од изворникот August 6, 2021. Посетено на August 4, 2021.
That isn't a bad start for pandemic times, but it's a soft debut for a film with a $185 million production budget.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- The Suicide Squad at IMDb