Огноотпорна Австралија

Огноотпорна Австралија е истакната активистичка група посветена на заштита на уникатните екосистеми, заедници и идните генерации во Австралија од разорните влијанија на шумските пожари.

Членовите на групата биле уапсени откако го блокирале Сиднејскиот пристанишен мост во 2022 година. Еден член бил накратко затворен во притвор.

Историја на организацијата

уреди

Огноотпорна Австралија е австралиска група за активизам за климатските промени која е основана во 2022 година во Сиднеј, Австралија.[1] Основачки член била и Вајолет Коко. Групата изјавила дека е формирана како одговор на недостатокот на одговор од страна на австралиската влада на сезоната на шумски пожари во Австралија 2019-2020, што оставила 18.000 Австралијци внатрешно раселени.[2] Групата станала позната во 2022 година со серија протести, вклучително и блокирање на прометни улици,[3] прекинување на натпреварот на Националната рагби лига,[4] и попречување на сообраќајот на Сиднјескиот заливски мост – за што Вајолет Коко била осудена на 15 месеци затвор.[5]

Во март 2023 година, судијата ги поништил[6] пресудите и затворските казни на двајцата австралиски активисти. Оваа одлука дошла откако било откриено дека полициските сили на Нов Јужен Велс прикажале погрешни докази кои тврделе дека протестот ја попречил брзата помош.[7]

Членство

уреди

Меѓу членовите се и поранешни членови на Бунт за истребување, [8] Вајолет Коко, член на руралната противпожарна служба Алан Расел Гловер и Карен Фиц-Гибон.[9] [7]

Наводи

уреди
  1. „Front Page – fireproof.news“..
  2. „Fireproof Australia: who are the radical Extinction Rebellion splinter group?“. the Guardian (англиски). 9 April 2022. Посетено на 14 December 2022.
  3. „Fireproof Australia demonstrators block traffic at Lilyfield following protest at Brighton-Le-Sands one day earlier – Sky News Australia“. 6 April 2022.
  4. „Three-month jail sentence for man who interrupted NRL game in Cronulla with flare“. The Guardian (англиски). 11 April 2022. Посетено на 14 December 2022.
  5. „Australia criticised by UN after climate activist Deanna Coco jailed – news.com.au“.
  6. Beazley, Jordyn; Press, Australian Associated (2023-03-15). „Climate activist Deanna 'Violet' Coco's 15-month jail sentence quashed on appeal“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-10-27.
  7. 7,0 7,1 „Violet Coco: Activist's jail term overturned in Australia protest row“. BBC News (англиски). 15 March 2023. Посетено на 15 March 2023.
  8. „Climate activist who invaded a rugby game speaks out after time in jail“. 9now.nine.com.au (англиски). Посетено на 2023-04-20.
  9. Gramenz, Jack (7 March 2023). „Sydney Harbour Bridge blockade protesters spared jail“. The Times (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-03-15. Посетено на 15 March 2023.

Надворешни врски

уреди