Овчарката (слика)
Овчарката позната и како Малата овчарка — слика од Вилијам Адолф Бугеро завршена во 1889 година. Името е превземено од јужнофранцускиот дијалект. Сликата прикажува идилична, пасторална сцена на осамена млада жена во селска облека која позира за уметникот, балансирајќи стап (најверојатно нејзиниот крлук) преку нејзините раменици, стоејќи боса. Во позадина се гледаат волови кои пасат на полето.
француски: Pastourelle | |
Творец | Вилијам Адолф Бугеро |
---|---|
Година | 1889 |
Материјал | Маслена слика на платно |
Димензии | 158.75 см × 93.35 см |
Место | Музеј на уметност Филбрук |
Таа е една од многуте слики на Бугеро кои прикажуваат овчарки, вклучително и една со истото име создадена во 1881 година. Темата е модел што го користел Бугеро за оваа и за други слики, вклучувајќи го и делото „Боемскиот“.
Овчарката моментално е во постојана колекција во Музејот на уметност Филбрук во Талса, каде што станала симболична слика за музејот. Тоа била централната слика на патувачката изложба за Бугеро и неговите студенти што Филбрук ја создал во 2006 година.[1][2][3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Mary Thomas, "A vision of beauty and light: The Frick explores the idealized images of Bouguereau and his American students", Pittsburgh Post-Gazette, July 3, 2007. (". . . a Bouguereau in the Philbrook, 'The Little Shepherdess,' became 'the signature image for that museum.' The Philbrook's . . . curator of European and American art, decided to organize an exhibition to put the painting -- 'a community icon' -- into a larger context, Bodine says.")
- ↑ Lashonda Stinson, "Exhibit showcases works of William Bouguereau and his students", Star-Banner, February 11, 2007.
- ↑ James Frederick Peck, In the Studios of Paris: William Bouguereau & His American Students (Philbrook Museum of Art, 2006), ISBN 978-0300114133. Listing at Google Books here.
Надворешни врски
уреди- Малата овчарка во Музејот на уметност Филбрук Архивирано на 4 февруари 2015 г.