Овен (кована пара од 2018 година)
Овен — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.
Овен | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Серија | Хороскопски знаци |
Номин. вредност | 100 денари |
Метал | сребро 925 |
Тежина | 23,30 г |
Димензии | 37 x 37 мм |
Облик | квадратен |
Издадена | 2018 |
Цена | 2.800 ден. |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Овен. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]
Опачина
уредиВо горниот дел од опачината е претставена слика на овен од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од страна на Јоханес Хевелиј на крајот од 17 век. Сликата на овенот и неговото соѕвездие се претставени и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел исто така е претставен симболот на хороскопскиот знак Овен. Во долниот дел е претставена глава на златен овен на позадина од цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – „ARIES“ и ознаката „Ag925“.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „Овен"“. Посетено на 13 март 2018.