Овен (кована пара од 2015 година)


Овен — кована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија, дел од серијата за ковани пари „Хороскопски знаци“. Нејзината номинална вредност е 10 денари, а цената 2,700 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена во 2015 година.[1]

Овен
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 21 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 2.700 ден.

Опис

уреди

Лице

уреди

На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е Грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и ознаката „Ag925“.[1]

Опачина

уреди

На опачината од парата е прикажана слика на глава на овен. Рогот на овенот го опкружува вметнатото кобалтно стакленце на коешто е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Овен. На долниот дел се прикажани симболот на хороскопскиот знак „Овен“ отпечатен на ѕвоно и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Кована пара за колекционерски цели: „ОВЕН". Посетено на 8 јануари 2018.