Облечена маха (шпански: La maja vestida; Ла маха вестида) е пандан-слика на шпанскиот сликар Франциско Гоја помеѓу 1800 и 1805 година. Таа е облечената верзија на претходната „Гола маха“ (1797 – 1800) и е изложена покрај неа во истата просторија во Музејот Прадо во Мадрид.[1]

Облечена маха
шпански: La maja vestida
Творец Франциско Гоја
Година 1800–1805
Димензии 97 см × 190 см
Место Музеј Прадо, Мадрид

Сликата прво била во сопственост на премиерот Мануел Годој. Таа била двапати во збирката на Кралската ликовна академија Сан Фернандо, исто така во Мадрид, кога била „одземена“ од шпанската инквизиција помеѓу 1814 и 1836 година и е во Музејот Прадо од 1901 година.[2]

Идентитет на моделот

уреди

Зборот maхa е женски облик на maхo, Шпанец од ниска класа од XVIII и XIX век. Моделот се идентификува како маха по нејзиниот костум, но нејзиниот идентитет не е познат; било предложено дека изгледа како љубовницата на Годој, Пепита Тудо.[2]

Поврзано

уреди
 
Поглед на двете слики една до друга

Наводи

уреди
  1. The Prado Guide, стр. 178, 2012, Museo Nacional del Prado, ISBN 9788484801665
  2. 2,0 2,1 The Clothed Maja Архивирано на 13 октомври 2015 г. Museo del Prado