Обединети сики
Обединети сики (изворно: United Sikhs) ― непрофитна организација за граѓански и човекови права, хуманитарна помош и невладина организација за помош при катастрофи, која исто така е група поврзана со Обединетите нации. Концептот на Обединети сики бил замислен во 1999 година од тројца Сики од Соединетите Држави.[1] Таа е меѓународна по обем и има за цел да им помогне на луѓето без разлика на бојата, расата, полот, националноста или верата.
Наводи
уреди- ↑ Haynes, Jeffrey (2008). Routledge Handbook of Religion and Politics. Routledge. стр. 318. ISBN 9781134121779.