ООМУ „Стефан Гајдов“ - Велес

(Пренасочено од ООМУ „ Стефан Гајдов“)

„Стефан Гајдов“основно музичко училиште во Велес. Се наоѓа во централното градско подрачје во месноста Дворови, непосредно до железничките пруги Скопје-Кочани и реката Вардар.

Историја

уреди

Во 1945 година по ослободувањето и признавањето на македонската државност за првпат во историјата на македонскиот народ слободно се зборува и пее на македонски јазик. Во тоа време покрај друштва и хорови, негувањето на фолклорот, велешката чалгија зазема доминантно место. Сите овие активности се основни елементи кои придонесуваат во раѓањето на мислата да се формира прво основно музичко училиште во Република Македонија. Така на 21 ноември 1946 година е донесен документ да се формира нижа музичка школа, прво отворено училиште од ваков вид во Македонија. „Стефан Гајдов“ како музичко училиште работи од ноември 1945 година, под името „Киро Димов“, за официјално да биде верифицирано во 1946 година. Зградата која училиштето ја користи е изградена во 1936 година, за подоцна да биде преадаптирана во музичко училиште. На 19 мај 2010 година, на седница на Советот на општина Велес, советниците со мнозинство гласови донеле одлука музичкото училиште наместо Киро Димов, да се именува во Стефан Гајдов.

Организацијата на работата на училиштето

уреди

Во училишната зграда се изведува настава во 11 кабинети. Денес тоа е редовно училиште во кое се образуваат ученици од прво до деветто одделение на ниво на општината и пошироко. Училиштето работи според наставни програми за музички училишта, а воспитно-образовната работа се одвива во поединечна и групна настава. Наставниот кадар е составен од 10 наставници.

Редовна настава

уреди

Реализацијата и организацијата на работата на училиштето се остварува преку програмски содржини предвидени во годишната програма за работа на училиштето. Во училиштето наставата се изведува групно и поединечно.

Групна настава:

Се изведува по предметите солфеж со елементарна теорија, солфеж, теорија на музика, хорско пеење и камерна музика.

Поединечна настава:

Се изведува по предметите пијано, класична гитара, виолина, кларинет, флејта, виолончело.

Изборна настава:

Во деветгодишното, шестгодишното и тригодишното основно музичко образование, учениците според наставните планови имаат изборни предмети – хорско пеење и камерни состави.

Целта на наставата по предметите хорско пеење и камерни состави е на учеиниците да им се развие љубовта кон гласот, хорското пеење односно да се оспособат за заедничко музицирање во помал камерен состав (дуо,трио, квартет, квинтет) или во поголем состав (секстет, септет, октет). Наставата се изведува групно од најмалку двајца ученици.

Во училиштето не постои посебен кадар за камерна музика така што наставниците по инструмент изведуваат и изборна настава – камерна музика и хорско пеење.

Дополнителна  и додатна настава:

Во наставните активности училиштето ги организира преку одржување на повеќе јавни настапи за потребите на градот и други потреби на настапи кои не се вклучени во планот и програмата на училиштето.

Во училиштето се организира додатна настава за учениците кои побрзо напредуваат и учениците кои учествуваат на државни и меѓународни натпревари. Дополнителната настава иако е реткост во училиштето се организира за ученици кои заостануваат со совладување на наставните содржини. Индивидуализирани програми за работа со надарени и талентирани.

Поради посебноста на наставната програма за музичките училишта во кои наставниот кадар држи поединечни часови секој наставник работи со посебно талентираните ученици. Според напредокот на учениците наставниците работат поединечни програми за секој ученик посебно.

Во училиштето се школуваат ученици од македонска, турска и албанска  националност и не постои ограничување и деградирање во поглед на национална и етничка припадност. Се школуваат ученици од целата општина , а радува и фактот што Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов” Велес прифаќа и ученици од соседните општини. Податокот што повеќе  од 3000 ученици, се здобиле со основно музичко образование зборува многу за значењето и промовирањето на музиката и културата во градот Велес. Многу од тие музичари  и  професионално се определиле за музичка уметност како диригенти, солисти, професори и репродуктивни уметници кои даваат огромен придонес за ширење на музичката култура на државата.

Освоени награди на училиштето

уреди
  • Во 1974 година училиштето е добитник на  наградата „Деветоноемвриска плакета на град Велес“
  • Во 2011 година училиштето е добитник на  наградата „Деветоноемвриска плакета на град Велес“

Познати личности кои учеле во ова училиште

уреди
  • Ангел Шурев - диригент
  • Костадин Богдановски - виолинист
  • Благој Ламјов - кларинетист
  • Никола Атанасов - флејтист
  • Костадин Кирков - концерт мајстор
  • Петре Пренџов - виолинист
  • Стојан Алчев - музички педагог и композитор
  • Лидија Алчева
  • Даринка Алчева
  • Кирил Вангелов
  • Иван Николовски-Танго
  • Живко Фирфов - етномузиколог, педагог, диригент
  • Данка Фирфова - македонска оперска пејачка
  • Кирил Спировски
  • Петре Пренџов
  • Илија Попов

Надворешни врски

уреди