Носии од Овче Поле

(Пренасочено од Носии од Овче поле)

Народната носија од Овче Поле се надоврзува на носијата од Бабуна со сличен облековен состав, но со одредени разлики во оформувањето и украсувањето на одделните облеки. [1]

Селани на оро во Овче Поле

Женска носија

уреди

Во женската носија кошулите се од бело домашно платно, со разнобојни пругасти шарки означени со народниот назив кенари, а на ракавите има разнобојни украсни тантели оји. Елекот, со широк ѕвонест долен дел, поетавен е со дебело конопно платно и со прошиени конци, и сиот е малку набран. Украсни оји се застапени и на другите делови на носијата. Околу половината се опашува тесно, декоративно, орнаментирано појасче - ѕуница и скутина - крпа, со вткаени пругасти и ситни геометриски шарки. [1]

 
Жени од Овче Поле во народни носии, во периодот меѓу двете светски војни
Женска носија - периодизација, трансформација и губење[2]
Облека, облековен дел,
украс
средина на
XIX век
крај на
XIX век
почеток на
XX век
период меѓу
двете војни
средина на
XX век
кошули
рокла кошула + + + + +
тресен кенар кошула + + + - -
кусо кошулче ? + + + +
манта ? + + + +
елек
лит елек + + + + -
пребиран елек ? + + + +
ѕунуца + + + + +
пешкири
прав пешкир + + + + +
упреко пешкир со краишта ? + + + +
елече
срмено елече ? + + - -
кадивфено елече ? - + + -
елече од бришалки ? - + + -
антериче ? + + + -
бришалки + + + + +
покривки за глава
бошча + + + - -
црна шамија со гранки - + + - -
каврак - - + + +
црна шамија со сорки - - + + +
накит
ќустек ? ? + + +
змија ? ? + + +
белегзии ? ? + + +
пафти + + + - -
чорапи
со орнаменти + + + - -
без орнаменти ? - + + +
опинци + + + + +

Машка носија

уреди
 
Мажи од во носијата од Овче Поле (1935)
 
Маж и жени во носии од Овче Поле

Платнените облеки во машката носија се од тенко платно кенарлија со кусо безракавно елече, преклопено на градите, ткаен, пругасто шарен, волнен појас, а машката скутина вута е со тесни црно бели пруги и ситни геометриски шарки на долниот дел. Носијата е дополнета со повеќе ткаени крпи бришалки што се носат на појасот, префрлени преку рамењата и на главата. Специјална овчарска наметка е кунтеш од светлосива валана волнена ткаенина, со украсни црни гајтани и кожув од штавена овча кожа. Овие два вида облеки, отпорни на студ и влага, - придружувајќи го овчарот, биле постојан состав на носијата на сточарот како облеки, но во исто време и како постилачи и покривачи при спиење на отворено, па оттаму и констатацијата на народот - ,,овчар без кунтеш и кожув е како без куќа". [1]

Машка носија - периодизација, трансформација и губење[2]
Облека, облековен дел,
украс
средина на
XIX век
крај на
XIX век
почеток на
XX век
период меѓу
двете војни
средина на
XX век
кошули
тоска + + + + +
ајта + + + - -
кратко кошулче + + + + +
гаќи + + + + +
ѕиври + + + - -
литарки + + + - -
појас + + + + +
бришалки + + + + +
вута + + + + +
елече + + + + +
долама + + + - -
кожуф + + + + -
кунтеш + + + + -
накит
ќустек ? ? + + +
танче ? ? + + +
капи
фес + + + - -
комитска капа - + + - -
капа со стреа - - - + +
чорапи колести + + + - -
подвески
ткаени + + + - -
монистрени - - + + +
опинци + + + + +
емении + + - - -

Детска носија

уреди
 
Деца во носии од овчеполието

Носијата кај женските деца се состои од: кошулче, елече, ѕуница и мало пешкирче, додека машките носат: гаќи, кошулче тоска, елече, појас, дури и колести чорапи. [2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Томовски, Крум (1996). Етнологија на Македонците. Скопје: МАНУ. стр. 153 и 154. ISBN 9989-649-25-1.
  2. 2,0 2,1 2,2 Јаневски, Владимир (2012). Народната носија во Овче Поле (PDF). Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Штип. стр. 101, 104 и 105. ISBN 9789989292774.

Надворешни врски

уреди