Нови оди се збирка на песни од Виктор Иго објавени од 1824.

Прва страница од збирката

Збирката „Нови оди“ е објавена во 1824 година од Виктор Иго кај книжарот-издавач Пјер-Франсоас Ладвокат Париз под влијание на неговиот пријател Чарлс Нодиер.

Во оваа збирка забележлив е континуитетот од збирката на „Одите и различните песни“ објавени во 1822 година, од кои не останала никаква трага до ден-денес а претходат на „Одите и Баладите“ објавени во 1828 година.

Во неговите последователни предговори од 1822 до 1828 година, Виктор Иго ги гледа овие разни збирки како „патот“ на неговата мисла. Во неговиот предговор на „Одите и Баладите“ од 1826 година, поетот јасно ги потенцира трите теми. „Нови оди“ се составени од 28 оди. Темите кои се присутни се: религијата, историјата, политиката. Присутни се и одредени историски теми и историски личности, на пример во одата „Ла Морт де Мадам де Сомбреј“ тој пишува за смртта на Мадемозел де Сомбреј која почина во 1823 година.

Во „Нови Оди“, Виктор Иго внесува поетска слобода со цел да покаже дека поезијата може да се одвои од правилата на таканаречената класична поезија.[1],[2]

Библиографија

уреди
  • HUGO Victor-M, Nouvelles Odes, Paris, Chez Ladvocat (libraire-éditeur), 1824
  • GOHIN Yves, Victor Hugo, Paris, Presses Universitaires de France, "Que sais-je?", 1998, page 17

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  • HUGO Victor, Odes et Ballades, Ollendorf, 1912. Accessible sur Wikisource.