Новиот дечко на мајка ми (филм)
Филмот „Новиот дечко на мајка ми“ (од анг. „My mom’s new boyfriend“) е романтична комедија од 2008 година, во којашто настапуваат Колин Хенкс, Антонио Бандерас, Селма Блер и Мег Рајан. Филмот не е дозволен за деца под 13 години и се препорачува надзор од родител или старател бидејќи вклучува сексуални содржини, несоодветен јазик, насилство и наркотични средства. Филмот беше со ограничено театарско претставување ширум светот. Меѓутоа, изданието на „DVD“ излезе на 17 јуни 2008 година во Соединетите Американски држави, а во Обединетото Кралство и во Австралија беше издаден под насловот „Мојот таен агент“ (од анг. „My Spy“).
„Новиот дечко на мајка ми“ | |
---|---|
Податотека:Mymomsnewposter.jpg „DVD“ постер | |
Режисер | Џорџ Гало |
Продуцент | Еви Лернер Џули Лот Гало Хејди Џо Маркел Ричард Салваторе |
Сценарист | Џорџ Гало |
Главни улоги | Антонио Бандерас Мег Рајан Колин Хенкс Селма Блер Тревор Морган |
Музика | Крис Бордмен |
Кинематографија | Мајкл Негрин |
Монтажа | Оги Хес |
Студио | „Eclectic Pictures“ |
Дистрибутер | „Millennium Films“ |
Премиера | април 30 2008(Шпанија) |
Времетраење | 97 минути |
Земја | Германија Соединети Американски Држави |
Јазик | англиски |
Буџет | 25 милиони американски долари |
Кратка содржина
уредиФилмот започнува кога француската полиција го фаќа Томи Лусеро (Антонио Бандерас) во една спречена кражба во еден музеј. Изгледаше дека Томи е невин и затоа набрзо го пуштаат од притвор.
Потоа филмот се насочува кон Хенри Дјуранд (Колин Хенкс). Тој мора да се грижи за својата мајка Марти (Мег Рајан) откако неговиот татко умира во затвор. Сега, тој е возрасен човек и ФБИ – агент, којшто ја напушта својата предебела мајка и заминува да работи на случај.
Хенри се враќа по три години и ја наоѓа својата мајка, којашто премногу ослабела и се гледа со неколку момчиња коишто имаат половина од нејзините години. Таа свртела нова страница од нејзиниот живот откако еден минувач помислил дека е бездомничка и ѝ фрлил железна паричка во нејзината шолја со кафе. Хенри ѝ кажува на својата мајка дека од неодамна се верил со една ФБИ-агентка по име Емили (Селма Блер). Хенри е многу вознемирен за својата ново-променета мајка и се однесува заштитнички кон неа. Тој ѝ кажува своите грижи на својата вереница, која пак незабележува ништо невообичаено во однесувањето на Марти.
Еднаш кога шетаат заедно Марти, Хенри и Емили, една играчка хеликоптер, којашто ја фрлил Томи, ја удира Марти по главата. Томи ги кани на вечера во еден стар албански ресторан за да им се извини. Хенри, којшто сè уште се однесува заштитнички кон мајка си, безволно прифаќа да оди бидејќи гледа колку многу сакаат да одат неговата мајка и Емили. Помеѓу Марти и Томи се раѓа романса. Во меѓувреме, шефовите од ФБИ го информираат Хенри дека очекуваат Томи и неговите двајца соучесници да се обидат да украдат една скулптура, којашто моментално е изложна во локалниот музеј. Откако главниот шеф на ФБИ навестува дека ќе го преместат Хенри на Алјаска доколку не соработува, па тој, иако, против своја волја, заедно со своите блиски агенти ја шпионира својата мајка. Хенри наидува на многу непријатни ситуации бидејќи мора да ги слуша разговорите на својата мајка со Томи.
Членовите на бандата го предаваат Томи и го застрелуваат двапати во градниот кош, додека ја крадат скулптурата. Тој преживува поради тоа што носи заштитен елек, но подоцна го фаќаат Хенри и Емили. Томи им открива дека неговото вистинско име е Томас Мартинес и дека работи за ЦИА. Работел тајно, со обид да ја уапси бандата на крадци коишто крадат уметнички дела за да го финансираат тероризмот. Тој е загрижен дека бандата ќе се обиде да ја убие Марти бидејќи тие знаат дека тој се гледал со неа и дека можеби знае за нивната операција.
Тројцата стигаат до куќата на Дјуранд токму кога Марти се ослободува од бандитот. Филмот завршува кога членовите на бандата го носат во затвор, додека Томи ја бакнува Марти и Хенри ја бакнува Емили.
Глумечка екипа
уреди• Антонио Бандерас во улога на Томи Лусеро / Томас Мартинес
• Мег Рајан во улога на Марта „Марти“ Дјуранд
• Колин Хенкс во улога на Хенри Дјуранд
• Селма Блер во улога на Емили Лот
• Тревор Морган во улога на Еди
• Кејт Дејвид во улога на Конрад – главниот шеф на ФБИ
• Џон Валдетеро во улога на агентот Федлер
• Ели Денкер во улога на Жан-Ивес Татао
• Том Адамс во улога на Нико Евангелатос
• Енрико Колантони во улога на Шефот Енрико
• Марко Сент Џон во улога на инспекторот Лаброд
• Аки Авни во улога на агентот Рендл
• Марк Мид во улога на специјалниот агент Вагнер