Нанометар

(Пренасочено од Нм)

Нанометар (симбол nm, од грчки: νάνος, нанос за „џуџе“; μέτρον, метрон за „единица мерка“) е единица мерка за должина во метричкиот систем, еднаква на еден милијардити дел од метарот (0,000000001 m). Може да се запише и во експонетен запис како 1⋅10-9 м, или пак во инженерски запис како 1 E−9 m или пак како 11.000.000.000 метри. Еден нанометар е еднаков на 10 ангстреми. Кога се користи како претставка за други потреби покрај единици мерки, како на пример во „нанонаука“, се мисли на нанотехнологија, или пак за појава која се одвива во нанометри (Погледајте наноскопска скала).[1]

нанометар
Мерен системметрички
Единица задолжина
Ознакаnm 
Претворање на единици
1 нанометар во ...... е еднакво на ...
   SI единици   1⋅10-9 м
   природни единици   6,1877⋅1025 P
18,897 a0
   империски/САД   3.2808×10−9 ст
 3.9370×10−8 ин

Нанометарот честопати се користи за да се изразат димензии од атомски големини: пречникот на атомот на хелиумот, на пример , е околу 0,1 nm, а пак на рибозомот е околу 20 nm. Нанометарот честопати се користи за да се определи брановата должина на електромагнетното зрачење во близина на видливиот дел на спектарот: видливата светлина има бранова должина од 400 до 700 nm.[2] Ангстремот, кој е еднаков на 0,1 nm, порано се користел токму за овие цели, но сè уште се користи во други области. Од крајот на 1980-ите, се користи во 32 nm и 22 nm, и се користи за да се опишат вообичаените големини цо последователните генерации од ITRS за минитуризацијата во полуспроводничката индустрија.

Историја

уреди

Нанометарот порано бил познат како милимикрометар – или, пак, милимикрон – бидејќи е 11000 дел од микронот (микрометарот), и се означувал со симболот mµ или (поретко и збунувачки, бидејќи треба да се однесува на милионити дел од микронот) µµ.[1][3][4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Svedberg, The; Nichols, J. Burton (1923). „Determination of the size and distribution of size of particle by centrifugal methods“. Journal of the American Chemical Society. 45 (12): 2910–2917. doi:10.1021/ja01665a016.
  2. Hewakuruppu, Y., et al., Plasmonic " pump – probe " method to study semi-transparent nanofluids, Applied Optics, 52(24):6041-6050
  3. Svedberg, The; Rinde, Herman (1924). „The ulta-centrifuge, a new instrument for the determination of size and distribution of size of particle in amicroscopic colloids“. Journal of the American Chemical Society. 46 (12): 2677–2693. doi:10.1021/ja01677a011.
  4. Terzaghi, Karl (1925). Erdbaumechanik auf bodenphysikalischer Grundlage. Vienna: Franz Deuticke. стр. 32.

Надворешни врски

уреди