Нино (принцеза)
Нино (грузиски: ნინო; 15 април 1772 – 30 мај 1847) — грузиска кралска принцеза (батонишвили) како ќерка на кралот Георгиј XII Грузиски и сопружна принцеза на Мингрелија како сопруга на Григол Дадиани, суверениот принцот на Мингрелија. По смртта на нејзиниот сопруг во 1804 година, Нино беше регент за нејзиниот син Леван до 1811 година. Таа помогна Мингрелија и Абхазија да се доведат под хегемонија на Руското царство. Во 1811 година, таа се повлече во Санкт Петербург, каде што починала на возраст од 75 години.
Нино | |
---|---|
Принцеза на Мингрелија | |
Мандат | 1791/94–1802 1802–1804 |
Роден(а) | 15 април 1772 Тбилиси, Картли-Кахетско кралство |
Починал(а) | 30 мај 1847 Санкт Петербург, Руско Царство |
Почивалиште | Црква Свети Јован Златоуст, Александар Невски Лавра |
Сопружник | Григол Дадиани, принц на Мингрелија |
Деца како и други... | Леван Дадиани, принц на Мингрелија |
Династија | Багратионска династија |
Татко | Георгиј XII Грузиски |
Мајка | Кетеван Андроникашвили |
Вероисповед | Грузиска православна црква |
Ран живот
уредиПринцезата Нино беше родена во Тбилиси како шесто дете на тогашниот престолонаследник Георгиј и неговата прва сопруга, Кетеван Андроникашвили, во 1772 година за време на владеењето на нејзиниот дедо, Хераклит II Грузиски.[1] Во 1791 година, на возраст од 19, Нино стапи во брак со Григол Дадиани, принцот на Мингрелија. Отприлика во исто време, сестрата на Григол, Миријам, се омажи за братучедот на Нино, кралот Соломон II Имеретски. Овие бракови беа наменети за цементирање на сојузот на грузиските владетели и биле склучени благодарение на напорите на министерот на Хераклит II - Соломон Лионизе - во јуни 1790 година. Односите помеѓу Соломон и Григол брзо се влошиле поради нивните територијални несогласувања и во периодот од 1791-1802, престолот на Григол трипати беше оспорен поради штитниците на Соломон. Григол и Нино се обиделе да добијат заштита од Руската Империја, која го освои кралството на таткото на Нино во 1801 година и сакаше да го освои и Имерети. Со договорот од 1 декември 1803 Мингрелија стана дел од Руската Империја како самостојно кнежевство.[2] Како знак на благодарност, Нино доби кралски подароци.[3]
Регенство
уредиПо ненадејната смрт на Григол Дадиани на 23 октомври 1804, принцезата Нино стана позначајно вклучена во политиката на Мингрелија. Таа веднаш ги обвини соперничките благородници за убивството на принцот и побара од рускиот командант во Грузија, принцот Павел Цицијанов, да направи истрага за убиството на нејзиниот сопруг. На 3 ноември 1804 руската влада ја призна за владетелка (правителница) на Мингрелија и за регент сè додека нејзиниот 12-годишен син Леван не наполни 20 години. Леван беше чуван од 1802 година како заложник од страна на Келеш Ахмед-Бег Шервашиѕе, принцот на Абхазија, како замена за неговата помош на Григол во борбата за власт во Мингрелија. Во март 1805 година руските војници тргнале кон Абхазија, ја обновиле паланката од Анаклија до Мингрелија и го спасиле Леван.[4]
Советот на регенството под водство на принцезата Нино исто така ги вклучуваше и принцот Нико Дадиани - епископот васарион на Чкондиди, палатскиот мајордом Георгиј Чиковани и принцот Бери Геловани - барон на Лечкуми. Односите на Нино со Нико Дадиани - влијателен благородник и со Бери Геловани не биле добри. Противниците ја обвинувале Нино за политички махинации и за користење на советот за остварување на сопствените цели. Исто така, се шпекулираше дека таа беше одговорна за убиството на принцот Григол, кој бил во врска со жена од чичуанското семејство. Овие борби за превласт продолжиле и за време на периодот на регенство.[5]
Принцезата Нино ја следеше про-руската политика на нејзиниот сопруг. За време на руско-турската војна од 1806-12, таа ја презеде командата над мингрелиските војници кои се приклучија на Русите во освојувањето на тврдина на Поти на брегот на Црното Море од отоманските сили во 1809 година. Во 1810 година Нино испрати 1000 војници како помош на нејзиниот апхаски штитеник, Сефер Али-Бег Шервашиѕе, кој го собори неговиот про-отомански брат, принцот Аслан-Бег и ја стави Абхазија под руски протекторат.
Повлекување во Русија
уредиВо 1811 година, Нино беше маргинализирана од владата на Мингрелија. Таа се пресели во Санкт Петербург, каде што таа беше назначена како дворска дама и украсена со Големиот крст на орденот на Св. Катерина. Нејзиниот помлад син, Георгиј и апхаскиот наследник, Димитри, ја придружувале до царскиот град и се приклучиле на Кадетскиот корпус за воено образование. На почетокот од 1820 година кога Нино престојуваше во Георгијевск, Гиоргиј беше под сомневање дека соработува со бунтовниците во Имерети, со кои неговиот постар брат, Леван, се бореше во руската војска. Нино беше протерана во Рјазањ, но подоцна и беше дозволено да се врати во Санкт Петербург, каде што го таа помина остатокот од својот живот и почина на 31 мај 1847 година. Таа беше погребана во црквата на Свети Јован Златоуст, Александар Невски Лавра.
Единствениот преживеан портрет на принцезата Нино, насликан од страна на непознат уметник кога таа била во Санкт Петербург, беше купен во 2010 година од страна на австралискиот претприемач Виктор Гринич Дадианов, потомок на дадианската династија и почесен конзул-генерал на Грузија во Сиднеј, на една од аукциите во Европа. Тој потоа го изложи во Дадианскиот дворец во Зугдиди, Грузија.[6]
Деца
уредиПринцот Григол и принцезата Нино имале шест деца - два сина и четири ќерки:[7]
- Принцезата Кетеван (родена во 1792 година), која се омажила прво за Манучар Шервашиѕе, принцот на Самурзакано (починал во 1813), а потоа во 1823 за Ростом-Бег, синот на Келеш Ахмед-Бег Шервашиѕе, принцот на Абхазија. Нејзин внук од првиот брак бил принцот Георгиј Шервашиѕе (1847-1918), гувернерот на Тбилиси, познат по прогонот на духоборите во 1895 година.
- Принцот Леван (1793-1846), суверен принц на Мингрелија (1804-1840).
- Принцезата Маријам (родена во 1794 година), која беше во брак прво со принцот Георгиј Еристави од Гурија, а потоа околу 1810 година со принцот Ростом (Тато) - синот на Бери Геловани, барон на Лечкуми.
- Принцезата Елена (родена во 1795 година), која беше во брак прво со принцот Дејвид Гуриели (кој почина во 1833) - син на Георгиј V Гуриели, а потоа со принцот Георгиј Микелаѕе.
- Принцезата Екатерина (родена во 1797 година), која се омажила во 1810 година за полковник принцот Беглар (Петре) Јамбакур-Орбелијани (1776-1819), син на принцот Заал Орбелијани.
- Принцот Георгиј (1798–в. 1851), Големи-General на руската армија. Тој се оженил во Рјазањ во 1839 година за грофицата Елизавета Пахлена, ќерка на генерал грофот Павел Пахлен; тие немале деца.
Потекло
уреди16. Хераклит I Какетски | |||||||||||||||||||
8. Тејмураз II Какетски | |||||||||||||||||||
17. Ана Чолокашвили | |||||||||||||||||||
4. Хераклит II Грузиски | |||||||||||||||||||
18. Вактанг VI Картлиски | |||||||||||||||||||
9. Тамар Картлиски | |||||||||||||||||||
19. Русудан Кабардски | |||||||||||||||||||
2. Георгиј XII Грузиски | |||||||||||||||||||
20. Зураб Абашиѕе | |||||||||||||||||||
10. Заал Абашиѕе | |||||||||||||||||||
5. Ана Абашиѕе | |||||||||||||||||||
1. Нино | |||||||||||||||||||
24. Мелкиседек Андроникашвили | |||||||||||||||||||
12. Јесе Андроникашвили | |||||||||||||||||||
6. Папуна Андроникашвили | |||||||||||||||||||
3. Кетеван Андроникашвили | |||||||||||||||||||
Наводи
уреди- ↑ Montgomery, Hugh, уред. (1980). Burke's Royal Families of the World, Volume 2. London: Burke's Peerage. стр. 68. ISBN 0850110297.
- ↑ Mikiashvili, Lela (2012). „სამეგრელოს დედოფალი ნინო ბაგრატიონი-დადიანისა“ [Nino Bagrationi – Dadiani the Queen of Samegrelo] (PDF). Studies in Modern and Contemporary History (грузиски и англиски). 1 (11): 12–22. ISSN 1512-3154.
- ↑ Polovtsov (2009). „Дадиан, княгиня Нина Георгиевна“. Большая биографическая энциклопедия [Great Biographical Encyclopaedia] (руски).
- ↑ Gvosdev, Nikolas K. (2000). Imperial policies and perspectives towards Georgia, 1760–1819. New York: Palgrave. стр. 115, 124, 131. ISBN 0312229909.
- ↑ „Nikolas (Didi Niko) Dadiani (1764-1834)“. Dadiani Dynasty. Smithsonian Institution in association with National Parliamentary Library of Georgia. 2009. Архивирано од изворникот на 2011-10-18. Посетено на 4 May 2013.
- ↑ Lomidze, Eka (23 August 2010). „დედოფლის დაბრუნება“ [The Queen's return]. Kviris Palitra (грузиски). Посетено на 4 May 2013.
- ↑ Dumin, S.V., уред. (1996). Дворянские роды Российской империи. Том 3. Князья [Noble families of the Russian Empire. Volume 3: Princes] (руски). Moscow: Linkominvest. стр. 54.
Дополнителна литература
уреди- მ. დუმბაძე, დასავლეთ საქართველო XIX საუკუნის პირველ ნახევარში, თბილისი, 1957
- მ. ბერძენიშვილი, მასალები XIX საუკუნის პირველი ნახევრის ქართული საზოგადოებრიობის ისტორიისათვის, ტომი II, თბილისი, 1983
- მ. რეხვიაშვილი, იმერეთი XVIII საუკუნეში, თბილისი, 1982
- თამარ პაპავა, დიდი სახეები პატარა ჩარჩოებში, თბილისი, 1990
- Акты, собранные Кавказской Археографической Комиссией, ред. Ад. Берже, т.I, Тифлис, 1866
- Акты, собранные Кавказской Археографической Комиссией, ред. Ад. Берже, т.III, Тифлис, 1869
- Акты, собранные Кавказской Археографической Комиссией, ред. Ад. Берже, т.IV, Тифлис, 1870