Нина Уљјаненко

советски пилот

Нина Захаровна Уљјаненко (17 декември 1923 – 31 август 2005) беше навигатор и пилот во 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк, 325. Ноќна бомбашка воздухопловна дивизија, 4. Воздухопловна армија, Втор Белоруски фронт за време на Втората светска војна. Прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз на 18 август 1945 година.[1]

Нина Захаровна Уљјаненко
Нина Захаровна Ульяненко
Починал31 август 2005
Ижевск, Удмуртија, Русија
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1942–1945
ЧинПоручник
Единица46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк
Битки/војниГолема Патриотска војна
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз
Друга дејностЗаменик претседател на Врховен Совет, наставничка

Ран живот

уреди

Уљјаненко е родена во Сарапул на 17 декември 1923 година во работничко руско семејство. По завршувањето на средното училиште, таа студира на Саратовското воздухопловно техничко училиште пред да му се придружи на ДОСААФ аероклубот во 1939 година, каде и за првпат лета на 11 април 1940.[2]

Кариера за време на Втората светска војна

уреди

По германската инвазија на Советскиот Сојуз, Нина се обучува за навигатор на академијата за воено воздухопловство Енгелс, по што е распоредена на Јужниот фронт во мај 1942 година како дел од 588от Ноќен бомбашки полк, подоцна преименуван во 46. Гардиски Ноќен бомбашки воздухопловен полк. Во 1994 година станува командант за врска во полкот. Уљјаненко зема учество во Сталинградската битка и лета на мисии во Крим, Кавказ, Полска, Источна Прусија и на крај во Битката за Берлин. Станува член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз во 1944 година. Кон средината на февруари 1945 година, Уљјаненко веќе има прелетано 388 мисии како навигатор и дополнителни 530 мисии како пилот командант на По-2 авионот; на крајот од војната, има вкупно 905 мисии, исфрлајќи 120 тони експлозиви, оштетувајќи десет возила, четири траекти и принудувајќи четири артилериски батерии да се повлечат. За нејзината служба во војната, прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз на 18 август 1945 година.[2][3][4]

Подоцнежен живот

уреди

По напуштањето на армијата на крајот на војната, Уљјаненко влегува во Воениот институт за странски јазици на Москва во ноември 1945 година. Во 1946, заедно со нејзиниот сопруг, Николај Минаков, се преселува во градот Курск, каде две години работи како писател за весникот Курскаја Правда. Во 1948 година се преселува во градот Ижевск во Удмуртија, каде работи како уредник на весникот Удмурт Правда. Помеѓу 1947 и 1951 е заменик претседател на Врховниот Совет. Од 1957 година работи како наставничка и како инструктор во локалниот ДОСААФ аероклуб, по завршувањето на Удмуртскиот Државен Универзитет во 1955 година. Умира на 31 август 2005 година.[2]

Награди и почести

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Sakaida, Henry (2012-04-20). Heroines of the Soviet Union 1941–45 (англиски). Bloomsbury Publishing. стр. 55. ISBN 9781780966922.
  2. 2,0 2,1 2,2 Ufarkin, Nikolai. „Ульяненко Нина Захаровна“. warheroes.ru (руски). Посетено на 2018-01-19.
  3. Škadov, Minist. Oborony SSSR. Red. koll.: I.N. (1988). Geroi Sovetskogo Sojuza / 2, Ljubov - Jaščuk. Moskva: Voenizdat. ISBN 5203005362. OCLC 312615596.
  4. „Ульяненко Нина Захаровна“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-01-19.