Нина Ричи (француски: Nina Ricci) (14 јануари 1883 - 30 ноември 1970; Торино, Италија) — француски моден творец.

Нина Ричи

Животопис

уреди

Марија Ниели е родена во Торино, Италија во 1883 година. На 5 годишна возраст, со нејзиното семејство се сели во Фиренца, а во 1895 година, на 12 годишна возраст во Франција. Нејзиниот прекар бил Нина. На 13 годишна возраст почнува да стажира кај женски кројач. Ја продолжила потрагата по нејзината љубов кон модата и низ нејзините тинејџерски години.

Во 1904 година се омажила со златарот Луиѓи Ричи (го сменила презимето во Марија Ричи). Тие имале дете по име Роберт. Во 1908 година Нина се придружила на модната куќа Рафин како дизајнер и останала таму 20 години. Станала партнер на Рафин, а потоа во 1932 година продолжила да создава за сопствената модна куќа.

Модната куќа Нина Ричи била основана од Марија Ричи и нејзиниот син Роберт во Париз во 1932 година. Во тоа време 50-годишната Марија, по толку многу години работење кај Рафин, копнеела да дизајнира сопствени творби. Работела со материјалот директно на моделите за да се осигура дека на крајот обликот ќе биде добар. Творбите на Нина Ричи наскоро станале познати по нејзините рафинирани, романтични, секогаш женствени линии што Марија ги вметнала во сите нејзини колекции. Куќата Нина Ричи растела брзо, па уште во триесеттите години нивната модна куќа од една работна соба набрзо прераснала во три 11-катни згради.

Во 1945 година, со крајот на војната, творците работеле да ја оживеат страста што жената порано ја имала со ексклузивните творби, заедно со зголемувањето на парите. Роберт Ричи добил идеја за ставање на Лусиен Лелонг, претседателот на стопанската комора, во акција. Повеќе од 150 модели од 40 париски творци, вклучувајќи ги Баленсиага и Мадам Грес, биле облечени во најдобрите модни творби и биле поставени на ревија во Лувр во Париз. По големиот успех во Париз, имале турнеја и во Европа и САД.

Во 1946 година Роберт го создава својот прв парфем, Куржо. Во 1948 година Роберт излегува со друг парфем „Л'ер ду темпс“ (Воздух од време), најпознат парфем на брендот што продолжи да биде во континуитет на врвот на продадени парфеми до денес.

Неколку униформи за авионски стјуардеси се дизајнирани од брендот Нина Ричи. Исто така Нина Ричи е пионер во лиценцирањето на творбите пред успонот на “ready-to-wear”. На почетокот на шеесеттите, тие почнале да ги лиценцираат нивните шаблони и модели до специјализираните бутици како Шез Нинон во Њујорк и Бети Шарнуа во Хонгконг.

Во 1948 година, модната куќа Нина Ричи ја лансира линијата парфеми „Л'ер ду темпс“ (Воздух од време). Линијата „шише со гулаби“ била кодизајнирана од Марк Лалик и Роберт Ричи. Семејството Лалик изработувало шишиња ексклузивно за Куќата Нина Ричи сè до педесеттите години на дваесеттиот век. На почетокот на педесеттите Нина Ричи се наближувала до своите седумдесетти и полека почнала да се повлекува од активната улога во дизајнирањето, избирајќи само да ја надгледува работата во модната куќа. Нејзиниот син во 1954 година го избира новиот главен творец, Белгиецот Жил Франсоа Крахеј. Нина Ричи починала на 30 ноември 1970 година (а според епитафот на нејзиниот гроб на 29 ноември), на 87 годишна возраст.

Семејството на Масимо Жисан ја купило модната куќа Нина Ричи во 1998 година од Белгиецот Жил Франсоа Крахеј. Масимо Жисан работел како творец, но Натали Жерво била главен дизајнер во куќата неколку години. Таа ја претставила својата последна колекција есента 2001 година. Во мај 2002 година, американскиот творец Џејмс Агуиар станал главен дизајнер и создал за модната куќа Ричи две сезони.

Во 2003 година Ларс Нилсон ја презел куќата Ричи, проследен со големи критики. Тој направил неочекуван редизајн на почетокот на 2006, а подоцна во септември објавува дека дизајнерот роден во Брисел, Оливие Тејскенс од Рохас ја презема улогата на шефовскотото место. Во 2009 година Тејскенс е заменет со творецот Питер Копинг, кој претходно работел за Луј Витон.

Надворешни врски

уреди
  • Sewing patterns by Nina Ricci - на англиски јазик
  • Nina Ricci - Biography Архивирано на 28 мај 2010 г. - на англиски јазик
  • „Interactive timeline of couture houses and couturier biographies“. Victoria and Albert Museum. - на англиски јазик
  • Nina Ricci - Designers & Jewellery Makers Архивирано на 5 април 2010 г. - на англиски јазик