Нина Максимовна Распопова (руски: Нина Максимовна Распопова; 31 декември 1913 – 2 јули 2009) беше пилот и командант на лет во 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк за време на Втората светска војна. Од многуте блиски средби со смртта, се издвојува нејзиното преживување при соборување на двокрилниот авион По-2 во два наврати. За нејзините подвизи во војната, прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз на 15 мај 194 година.[1]

Нина Максимовна Распопова
Нина Максимовна Распопова
Податотека:Nina Raspopova.jpg
Починал2 јули 2009 (95 години)
Митишчи, Руска Федерација
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1941–1945
ЧинПостар поручник
Единица46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк
Битки/војниИсточен фронт на Втората светска војна
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз

Цивилен живот

уреди

Распопова е родена на 31 декември 1913 во руско селско семејство во градот Магдагачи во Руската Империја. Нејзината мајка умира кога Нина има само десет години, па поради тоа што нејзиниот татко е невешт работник, на само петнаесет години Распопова почнува да оди во рударско училиште, и покрај тоа што претходно има работено како готвачка при еден друг рудник.[2] Завршува на Благовешченското рударско училиште, пред да го заврши и Хабаровското училиште за летање во 1933 година; локалниот комитет на Комсомол ѝ нуди шанса да се запиште во училиштето за летање во 1931, откако ја забележуваат поради нејзината амбиција. Желна да стане пилот, не беше обесхрабрена од фактот дека таа беше само едната од двете жени ученички во тоа училиште. Пред да се приклучи кон армијата, Нина работи како геолог во рудниците во Трансбајкалската област,[3] но и како инструктор за лет во Спаск, територии на Далечниот Исток и во Омск и Митишчи клубовите за лет од Москва. Во аероклубот Омск, каде Распопова се наоѓа во тој период, покрај тоа што е инструктор, таа лета со едрилици и авионски летала за да стекне повеќе искуство со скокање со падобран; по завршувањето на интензивните курсеви на Централниот летечки клуб, Нина е испратена во Митишчи. На овој начин, веќе пред да се придружи кон армијата таа станува искусен пилот.[2]

Воена кариера

уреди

Распопова ѝ се придружува на војската во октомври 1941 година по германската инвазија на Советскиот Сојуз. По завршувањето на обуката на Енгелс, Нина е распоредена на Источниот фронт во мај 1942 како дел од 588. Ноќен бомбашки полк, кој подоцна е унапреден во Гарда и е преименуван во 46. Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк.[4]

На една мисија во 1942 година по вообичаен бомбашки напад, авионот Поликарпов По-2 со кој таа лета е погоден од противвоздухопловна артилерија од страна на силите на Оската. За да избегне поголема штета маневрира со авионот на стрмен начин, со што ги наведува силите на Оската да помислат дека ја собориле; кога почнува да ја зголемува висината над езерото, нејзината навигаторка забележува дека резервоарот за нафта е издупчен од противвоздухопловната артилерија. И покрај штетата причинета на авионот, двете авијатичарки успеваат да преживеат откако ги испуштаат бомбите и слетуваат на предвиденото место.[5][6]

На друга мисија истата година, нејзиниот авион По-2 е повторно погоден од противвоздухопловен оган, овојпат предизвикувајќи повеќе штета на нејзиното летало. Резервоарот за гориво експлодира и се испушта гориво во кабината, што ги оштетува моторите, а нејзината навигаторка Лариса Радчикова е сериозно повредена. Авионот слетува на минско поле, но сите членови на екипажот се спасени од артилериска единица испратена да ги бара. Здобивајќи се со неколку повреди што бараат операција, Распопова по операцијата се враќа на активна должност за помалку од два месеци.[7][8] За време на Битката за Крим, Распопова преживува уште една блиска средба со смртта откако повторно е соборена; откако принудно слетува, за малку избегнува противтенковска мина, сепак повторно успева да преживее.[8]

Учествува во бомбашките мисии над Кавказ, Белорусија, Украина, Крим, Германија и Полска. Вкупно изршува 805 мисии, понекогаш извршувајќи по осум мисии во една ноќ.[7] Правејќи го тоа, исфрла вкупно 110 тони бомби над нејзините мети, каде се вбројуваат уништување на три траекти, еден сегмент од пруга, рефлектор, складиште за муниција, шест воени возила и три артилериски баталјони.[9]

Подоцнежен живот

уреди

Распопова е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз и е наградена со Орденот на Ленин на 15 мај 1946 година „за примерно исполнување на командите во мисиите и демонстрација на храброст и хероизам во битките против германските фашистички окупатори“.[4]

Не ја продолжува воздухопловната кариера по војната, но останува во контакт со многу членови на полкот, работејќи како секретарка за локалниот совет. Умира на 95 години во Митишчи, Москва, на 2 јули 2009 година.[1][4][10]

Награди

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Цитати

уреди
  1. 1,0 1,1 Ufarkin, Nikolai. „Распопова Нина Максимовна“. warheroes.ru. Посетено на 2018-01-17.
  2. 2,0 2,1 Cottam, стр. 89.
  3. „Распопова Нина Максимовна“. airaces.narod.ru. Красные Соколы. Посетено на 2019-01-18.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Распопова Нина“. tamanskipolk46.narod.ru. Посетено на 2018-01-18.
  5. Rakobolskaya, Irina; Kravtsova, Natalya (2005). Нас называли ночными ведьмами. Moscow: Moscow State University.
  6. Cottam, стр. 90.
  7. 7,0 7,1 „Распопова Нина Максимовна“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-01-17.
  8. 8,0 8,1 Cottam, стр. 91.
  9. Simonov & Chudinova, стр. 189.
  10. Simonov & Chudinova, стр. 190.

Библиографија

уреди