Никунау (кирибатски: Nikunau) е низок атол во Гилбертовите Острови во Кирибати. Покрај тоа, атолот го сочинува и истоимениот округ. Островот е составен од два дела кои се поврзани со проток кој е широк 150 метри.

Снимка на атолот Никунау.
Карта на Гилбертовите Острови.

На островот се наоѓаат неколку солени затворени лагуни, кои вкупно имаат 0.3 км2. Островот е опколен од гребен. Островот бил посетен од Џон Бајрон на 2 јули 1765 година и во негова чест тогаш островот бил наречен Бајронов Остров. Вкупното население на островот е околу 3.000 жители.

Сообраќај

уреди

Атолот е поврзан со остатокот од земјата по морски пат. На атолот се наоѓа Аеродромот Никунау, преку кој Air Kiribati овозможува летови низ државата, и во странство преку Аеродромот Тарава.

Наводи

уреди

1°21′S 176°27′E / 1.350° ЈГШ; 176.450° ИГД / -1.350; 176.450

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди