Николија Јовановиќ
Николија Јовановиќ (Загреб, 19 октомври 1989 година) е српска пејачка.
Животопис
уредиНиколија е родена во Загреб. Нејзината мајка е позната народна пејачка Весна Змијанац, а нејзин татко е Владо Јовановиќ, поранешен маркетинг директор на ПГП РТС. Студираше во Атина, каде дипломираше на Американскиот универзитет за меѓународен бизнис на возраст од 23 години.[1]
Во 2011 ја сними нејзината прва песна наречена Никол, дует со DJ Кас Луда 2 ноќ (Crazy Tonight). Во јули 2013 година ја сними својата втора песна, дует со Ана Николиќ "Милион долари". На првиот ден од песната, Јутјуб имаше 85.000 прегледи, но подоцна беше забранет за малолетници. Потоа следеше дует "Чао Здраво" со Теча, а подоцна и четвртата песна "Николија". 31 август 2014 беше пуштена и новата песна, во соработка со Елитни Одреди и DJ Млаџа "Алкохол литар". 3 октомври Николија Јовановиќ ја објави песната "Како по мене", за која постави провокативен видео спот, потоа во 2015 "Опасна игра" и "Љубовен манекен". 18 јули 2016 ја претстави новата песна и видео спот "Никој како ние". На 14 октомври 2016 претстави три нови песни и спотови "101 пропуштен повик", "Пукај поради нас" и "Сино море". На 9 март 2017 ја претстави новата песна и спот "Промени ми планови", потоа на 21 јули ја објави песната "Лошо момче".
Во брак е со пејачот на поранешната група Елитни Одреди, Реља Поповиќ со кој ја имаат нивната ќерка Реја.
Учествуваше во Survivor Serbia VIP: Филипини и во првата сезона на српската верзија на Танц со ѕвездите.
Дискографија
уредиСтудио албуми
уреди- №1(албум) (2016)
- Yin & Yang (2019)
- Аурора (2022)
- Лавина (2024)
Спотови
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Ћао здраво | 2013 | Андреј Илиќ |
Милион долара | 2013 | |
Николија | 2013 | Димитрије Јоковиќ |
Алкохола литар | 2014 | Ведад Јашаревиќ |
Како после мене | 2014 | Toxic Entertainment |
Премија | 2014 | Toxic Entertainment |
Опасна игра | 2015 | Андреј Илиќ,Педрам Вос |
Љубавни манекен | 2015 | Toxic Entertainment |
Нико као ми | 2016 | Toxic Entertainment |
Пуцај због нас | 2016 | Toxic Entertainment |
101 пропуштен позив | 2016 | Toxic Entertainment |
Промени ми планове | 2017 | Djordje Trbovic |
Лош момак | 2017 | Шериф Франсис |
Мој темпо | 2017 | Ljubba |
Мало | 2018 | Djordje Trbovic |
Нема лимита | 2018 | Nemanja Ćeranić |
Слажем | 2018 | Nemanja Ćeranić |
Yin & Yang | 2019 | Ljubba |
Није лако бити ја | 2019 | Djordje Trbovic |
Харизма | 2019 | Шериф Франсис |
Ове ноћи | 2019 | Шериф Франсис |
Што ми ради то | 2019 | Шериф Франсис |
Дама без пардона | 2019 | Шериф Франсис |
Тигар | 2019 | Ljubba |
Медуза | 2019 | Иван Стојиљковиќ |
Сија град | 2019 | Шериф Франсис |
Став милионера | 2020 | daVideo |
Накит | 2020 | Игор Зечевиќ |
No Plaky | 2020 | Шериф Франсис |
О бившима | 2020 | Ljubba |
High Life | 2020 | Ljubba |
Све бих | 2021 | Игор Зечевиќ |
Улице | 2021 | Немања Новаковиќ |
Дивља орхидеја | 2021 | Ljubba |
Гринго | 2022 | Шериф Франсис |
Гле гле | 2022 | Шериф Франсис |
Љубав | 2022 | Шериф Франсис |
Аурора | 2022 | Шериф Франсис |
Без накита | 2022 | Шериф Франсис |
Додоле | 2022 | Petar KacketDole, DffrntVibe |
Пилот | 2022 | Игор Зечевиќ |
Презиме | 2023 | Theodore Selekos |
Nicky | 2023 | Luka Sepćić |
Авлије,авлије | 2023 | Marija Djondovic & petar kacketdole |
Лавина | 2024 | Jana Anđić |
Виски | 2024 | Jana Anđić |
Ненормалан лик | 2024 | Jana Anđić |
Тесто | 2024 | Đurđica Bošković |
Мило моје | 2024 | Jana Anđić |
Наводи
уреди- ↑ „Nikolija Jovanović“. Архивирано од изворникот на 2014-08-12. Посетено на 8 август 2014.