Никола Корабов
Никола Корабов (7 декември 1928 – 10 ноември 2016 година) ― бугарски кинорежисер и сценарист. Режирал тринаесет филмови помеѓу 1956 и 1999 година. Неговиот филм „Тутун “од 1962 година бил вклучен на Канскиот филмски фестивал во 1963 година.[1] Неговиот филм „Бик“ од 1965 година бил вклучен на 4. Московски меѓународен филмски фестивал.[2] Неговиот филм „ Гневно патување“ од 1971 година бил вклучен на седмиот Московски меѓународен филмски фестивал.[3] Починал на 10 ноември 2016 година.[4]
Никола Корабов | |
---|---|
Роден(а) | 7 декември 1928 Русе, Царство Бугарија |
Починал(а) | 10 ноември 2016 | (возр. 87)
Занимање | Кинорежисер сценарист |
Филмографија
уреди- Димитровградци (1956)
- Малечка (1959)
- Тутун (1962)
- Бик (1965)
- Слобода или смрт (1969)
- Гневно патување (1971)
- Иван Кондарев (1974)
- Јулија Вревскаја (1978)
- Јас не живеам еден живот (1981)
- Орисија (1983)
- Копнежи по белиот пат (1987)
- Доверба за белиот ветар (1990)
- Магија (1999)
Наводи
уреди- ↑ „Festival de Cannes: Tobacco“. festival-cannes.com. Архивирано од изворникот на 2012-09-19. Посетено на 4 февруари 2023.
- ↑ „4th Moscow International Film Festival (1965)“. MIFF. Архивирано од изворникот на 16 јануари 2013. Посетено на 4 февруари 2023.
- ↑ „7th Moscow International Film Festival (1971)“. MIFF. Архивирано од изворникот на 3 април 2014. Посетено на 4 февруари 2023.
- ↑ „Отиде си режисьорът Никола Корабов“. 11 ноември 2016. Посетено на 4 февруари 2023.
Надворешни врски
уреди- Nikola Korabov на Семрежната филмска база на податоци (англиски)