Никола Јанковиќ (кошаркар)

Никола Јанковиќ (Врање, 13 февруари 1994) е српски кошаркар. Игра на позициите крилен центар и центар, а моментално настапува за Бреоган.

Никола Јанковиќ

Биографија уреди

Започнал да тренира кошарка во кошаркарскиот клуб Економац од Врање. Потоа се преселил во помладите категории на ФМП Железник, а потоа и во КК Црвена Ѕвезда. Откако во 2012 година одбил да потпише договор со клубот од Белград, тој преминал во белгискиот Спиро Шарлроа.[1] Од 2013 до 2015 година бил на позајмица во белгискиот клуб Вервиер-Пепинстер. Во сезоната 2015/16 бил играч на Мега Лекс и со нив го освоил Купот Радивоје Корач. Во сезоната 2016/17 тој бил играч на Унион Олимпија. Со нив ги освоил двата домашни трофеи, а бил прогласен за најкорисен играч во Јадранската лига и Купот на Словенија. Во сезоната 2017/18 бил играч на Сакарија. На 6 јули 2018 година потпишал двегодишен (1+1) договор со Естудијантес, но на 31 декември истата година го напуштил шпанскиот клуб и потпишал договор со Партизан.[2] Со Партизан, тој освоил еден Суперкуп на Јадранската лига (2019) и два Купа на Радивоје Корач (2019, 2020 година). По истекот на договорот, на крајот од сезоната 2020/21 Јанковиќ го напуштил Партизан.[3] На почетокот на октомври 2021 година, тој потпишал договор со тимот од Подгорица,[4] но се вратил во Мег еден месец подоцна.[5] Тој одиграл само три натпревари за Мега, по што на 28 декември 2021 година потпишал за шпански Бреоган до крајот на сезоната.[6]

Успешно се натпреварувал за помладите репрезентативни категории. На Европското првенство за јуниори освоил два медали - сребрен во 2011 година и бронза во 2012 година. Во 2013 година бил дел од селекцијата која го освоил среброто на Светското јуниорско првенство. Во 2014 година освоил уште една бронза - овој пат со младата репрезентација на Европското првенство.

Успеси уреди

Клубски уреди

  • Мега Лекс:
    • Куп Радивоје Корач (1): 2016 година
  • Олимпија Љубљана:
    • Словенечко првенство (1): 2016/17година.
    • Куп на Словенија (1): 2017 година
  • Партизан:
    • Суперкуп на Јадранска лига (1): 2019 година
    • Куп Радивоје Корач (2): 2019, 2020 година

Поединечни уреди

  • Најкорисен играч во Јадранската лига (1): 2016/17година.
  • Најкорисен играч на Купот на Словенија (1): 2017 година.

Репрезентативни уреди

  • Европско првенство до 18 години: 2011 година, 2012 година
  • Светско првенство за играчи до 19 години: 2013 година
  • Европско првенство до 20 години: 2014 година

Наводи уреди

  1. „Nikola Janković karijeru nastavlja u Belgiji“. mvp.rs. 23. 8. 2012. Посетено на 9. 10. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Никола Јанковић је нови играч Партизана“. kkpartizan.rs.
  3. „Janković: Žao mi je što neću sarađivati sa Obradovićem, ne postoji bolji trener za Partizan“. mozzartsport.com. 2. 7. 2021. Посетено на 23. 8. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Nikola Janković potpisao za Podgoricu!“. kk-podgorica.me. 7. 10. 2021. Посетено на 9. 10. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „NIKOLA JANKOVIĆ PONOVO U MEGI!“. bcmegabasket.net. 11. 11. 2021. Посетено на 1. 12. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „JANKOVIĆ NASTAVLJA KARIJERU U ŠPANIJI“. bcmegabasket.net. 28. 12. 2021. Посетено на 6. 1. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски уреди