Никита Печерски
Никита Печерски е христијански светец, епископ на Новгород и дел од Киевско-печерската лавра. Никита е почитуван од страна на Руската православна црква.
Никита Печерски | |
---|---|
Роден(а) | Киев, денес Украина |
Починал(а) | 1108 |
Почитуван(а) во | Руска православна црква |
Слава | 21 јануари (Православие |
Бил роден во Киев Како монах, не го послушал игуменот, се оддалечил од манастирот и се затворил во една келија. Според христијанските верувања, еднаш кога Никита бил на молитва, му се јавил ѓаволот во вид на светол ангел и му рекол: “'Немој повеќе да се молиш, туку читај книги, а јас ќе се молам за тебе'!” Никита послушал, престанал да се моли и почнал да чита книги. Го читал само Стариот завет, а Новиот завет никако не можел да го отвори затоа што тоа не му го дозволувала ѓаволската сила. Со помош на ѓаволот и пророкувал и тоа само лоши дела, кражби, палежи и останати лоши дела што му се познати на ѓаволот. Најпосле, светите отци печерски увиделе дека Никита паднал во ѓаволска измама, па почнале да се молат на Бога за него. Никита се повратил, ја увидел пропаста во која бил, горко се покајал за непослушноста и гордоста и се упатил по вистинскиот пат. се упокоил во 1108 година[1].
Православната црква неговиот ден го чествува на 31 јануари.
Наводи
уреди- ↑ „Охридски пролог“ стр. 43