Не постои бизнис како шоу бизнисот
Не постои бизнис како шоу бизнисот (англиски: There's No Business Like Show Business) - американски филм од 1954 година, во режија на Волтер Ланг (Walter Lang) по сценариото на Фиби Ефрон (Phoebe Ephron) и Хенри Ефрон (Henry Ephron). Главните улоги ги играат: Етел Мерман (Ethel Merman), Доналд О'Конор (Donald O'Connor), Мерилин Монро (Marilyn Monroe), Ден Дејли (Dan Dailey), Мици Гејнор (Mitzi Gaynor) и Џони Реј (Johnnie Ray). Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во три категории.
Синопсис
уредиМоли (ја игра Мерман) и Тери Донахју (го игра Дејли), заедно со нивните три деца, настапуваат во музичко шоу. Кога синот Тим (го игра О'Конор) ќе ја запознае гардероберката Вики (ја игра Монро), семејната претстава почнува да се распаѓа...[1]