Несреќа на островот Три Милји
Несреќата на Островот Три Милји се случила на 28 март 1979 година во Одделот 2 (воден реактор под притисок во производство на Babcock & Wilcox), од трите јадрени електрични централи на „Three Mile Island“, во округот Дофин, Пенсилванија, во близината на Харисбург, САД.[1] Тоа беше најголемата катастрофа во историјата на индустријата за јадрена енергија во САД, а резултат на тоа беше испуштање на 481 P Bq (113 милиони кјурии) на радиоктивни гасови, а помалку од 740 GBq (20 кјурии) на јод-131. Атомската централа била во сопственост и под раководство на „General Public Utilities“ и „Metropolitan Edison“ (Met Ed).
Несреќата се случила во 4 часот наутро во среда, 28 март 1979 година, со дефекти во нејадрениот секундарен систем, поклопецот на спроводниот вентил (PORV) во примарниот систем се заглавил, по што се излила голема количина од ладилникот на јадрениот реактор. Механичките дефекти настанале поради почетната неспособност на работниците на машините да ја оценат ситуацијата како несреќа поради излевање на ладилникот, како резултат на несоодветната обука и човечките фактори, како што се грешките во дизајнот на интеракцијата помеѓу луѓето и компјутерите кои се должат на индикаторите од двостраната контролна соба во интерфејсот на атомската централа. Во суштина, неможноста да се види затскриеното светло на индикаторот довело до тоа операторот да го игнорира автоматскиот систем за ладење кој се активира во итни случаи од реакторот, бидејќи операторот по грешка заклучил дека има поголема количина на вода во самиот реактор, што предизвикало да се ослободи притисокот од пареата.
Луѓето станале свесни за обемот и комплексноста на несреќата во текот на 5-те дена, откако вработените на „Met Ed“, државните службеници од Пенсилванија, како и членовите на Регулаторната јадрена комисија (NRC) се обиделе да го решат проблемот, да им ја објават ситуацијата во локалниот и општинскиот печат, да одлучат дали е потребна итна евакуација, за конечно да се стави крај на кризата. Овластувањето на NRC да ослободи 40.000 галони на радиоактивна отпадна вода директно во реката Саскехана, довело до тоа печатот и општината да изгубат доверба во нив.
На крајот, реакторот бил ставен под контрола, иако сè уште не биле откриени целосни детали од несреќата после подолго време, после неколкуте исцрпни истраги, спроведени од страна на претседателската комисија и NRC. Според извештајот на комисијата Кемени „Или нема да има случаи на рак, или бројот на заболените ќе биде толоку мал, што нема да биде возможно да се идентификуваат. Овој заклучок важи и за другите можни заболувања.“ Според неколку епидемиолошки студии направени после несреќата, исто така ослободеното зрачење нема видливи ефекти врз појавата на рак кај жителите покрај атомската централа, иако овие наоди подоцна се демантирани од страна на тим од истражувачи.
Наводи
уреди- ↑ Walker, p. 231
Литература
уреди- Kemeny, John G. (1979). Report of The President's Commission on the Accident at Three Mile Island: The Need for Change: The Legacy of TMI (PDF). Washington, D.C.: The Commission. ISBN 0935758003. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-04-09. Посетено на 2011-05-31.
- Rogovin, Mitchell (1980). Three Mile Island: A report to the Commissioners and to the Public, Volume I (PDF). Nuclear Regulatory Commission, Special Inquiry Group. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-11-30. Посетено на 2011-05-31.
- Walker, J. Samuel (2004). Three Mile Island: A Nuclear Crisis in Historical Perspective. Berkeley: University of California Press. ISBN 0-520-23940-7. (Google Books)
- Ford, Daniel (1982). Three Mile Island: Thirty Minutes to Meltdown. Penguin. ISBN 978-0140060485.
- Osif, Bonnie A., Anthony Baratta, Thomas W. Conkling (2004). TMI 25 Years Later: The Three Mile Island Nuclear Power Plant Accident and Its Impact. Conkling. ISBN 027102383X.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
уреди- TMI web page from the US Department of Energy's Energy Information Administration
- "Three Mile Island 1979 Emergency" – website about the accident, with many reports and other documents relating to the accident, created by nearby Dickinson College
- Step-By-Step account of the accident with illustrations from pbs.org
- Three Mile Island Alert, the watchdog group that warned the public for nearly two years that reactor #2 was dangerously faulty.[се бара извор] What's wrong with the "fact sheet" purports to correct errors in the NRC report.
- EFMR citizens radiation monitoring group for the Three Mile Island and Peach Bottom nuclear plants
- Annotated bibliography for Three Mile Island from the Alsos Digital Library for Nuclear Issues Архивирано на 7 април 2014 г.
- Video Архивирано на 12 јуни 2011 г. and audio Архивирано на 12 јуни 2011 г. relating to the Three Mile Island accident, from the Dick Thornburgh Papers Архивирано на 12 јуни 2011 г. at University of Pittsburgh.
- Killing Our Own a review of subsequent casualties by Harvey Wasserman and Norman Solomon with Robert Alveraez and Eleanore Walters
- Three Mile Island – Failure Of Science Or Spin?, Science Daily
- 1979 – Three Mile Island A report from Steve Holt of WCBS Newsradio 880 (WCBS-AM New York) Part of WCBS 880's celebration of 40 years of newsradio.
- Crisis at Three Mile Island by The Washington Post
- Inside TMI – The Three Mile Island Accident, Moment by Moment Архивирано на 17 февруари 2011 г. by Scott Johnson
- Dick Thornburgh Papers at the Archives Service Center, University of Pittsburgh Series XI. Governor of Pennsylvania, Subseries 7. Three Mile Island (TMI)