Несовремени разгледувања
Несовремени разгледувања е книга на германскиот филозоф Фридрих Ниче од 1876 година, која содржи четири есеи, објавени претходно.
Содржина
уредиОсврт кон делото
уредиЧетирите есеи, подоцна собрани под насловот „Несовремени разгледувања“, Ниче ги нарекува „целосно борбени“. Од нив, првиот есеј (од 1873 година) претставува напад на германското воспитување; вториот есеј (од 1874 година) го критикува „модерното производство на науката“; а во третиот и четвртиот есеј е дадена критика на германската култура. Според Ниче, од овие „четири атентати“, првиот има извонреден успех, предизвикувајќи бројни негодувања, но тие предизвикале непроценливо дејство во неговиот живот, зашто по нивното објавување, тој стекнал слобода на говорот и никој повеќе не барал расправа со него. Притоа, Ниче тврди дека есеите за Шопенхауер и за Вагнер се визија на неговата иднина и во нив се запишани неговата најдлабока историја, но и неговиот завет.[1]
Наводи
уреди- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 91-97.