Непријател пред портата

„Непријател пред портата“ (англиски: Enemy at the Gates) — американско-британско-француско-германско-ирски филм од 2001 година, режиран од Жан-Жак Ано (Jean-Jacques Annaud), кој е автор и на сценариото, заедно со Ален Годар (Alain Godard). Главните улоги ги играат: Џад Ло (Jude Law), Џозеф Фајнс (Joseph Fiennes), Ед Харис (Ed Harris), Рејчел Вајс (Rachel Weisz) и Боб Хоскинс (Bob Hoskins).[1]

Синпосис

уреди

Василиј Зајцев (го игра Ло), најпознатиот советски снајперист, доаѓа во Сталинград за да земе учество во големата битка портив непријателот. Тој брзо ја покажува својата исклучителна стрелачка вештина во уличните броби и, со помош на комесарот за пропаганда Данилов, стануав легенда на Црвената армија, поткревајќи го борбениот морал кај соборците и сеејќи страв кај непријателот. Порди тоа, германската војска го ангажира мајорот Кениг (го игра Харис) кој, исто така, е врвен снајперист. Така меѓу нив започнува долготрајна борба во која секој сака да го уништи противникот. Во меѓувреме, Сталинградската битка стануав посурова, а двајцата снајперисти мора да ја задржат присебноста и да се служат со лукавства, зашто во такви услови секоја грешка може да биде кобна...

Наводи

уреди