Непотполна шпедиција

Нецелосна (делумна, чиста) шпедиција е таква шпедиција кога шпедитерот, врз основа на договор за шпедиција презема врз себе обврска да му ја испорача или да му ја достави стоката на својот комитент, како и да изврши други правни или технички дејства. Шпедитерот не се обврзува да изврши превоз на стоката, туку само се обврзува, со превозникот да склучи договор за превоз. Затоа се нарекува „чист договор за шпедиција“.