Неофит Никејски е христијански светец.

Неофит е роден во Никеја. Уште како дете, според христијанските верувања правел големи чуда. Извадил вода од камен, ја воскреснал својата мртва мајка. Со бел гулаб бил одведен во олимписката гора каде што од една пештера истерал лав и самиот тој се населил во пештерата.

Неофит Никејски бил прогонуван во времето на римскиот цар Диоклецијан и убиен како христијански маченик во 290 година.

Православната црква неговиот ден го чествува на 21 јануари.

Наводи

уреди