Нееднаквост (математика)
Во математиката, нееднаквост (знак: ≠) е исказ дека два предмета или израза не се исти, или дека не се со иста вредност. Оваа релација се пишува со прешкртан знак за еднаквост, како
- x ≠ y.
(Кај програмските јазици и електронските комуникации, наместо ова се користат нотациите x != y
, x <> y
, и други)
Нееднаквостите не се исто што и неравенствата, кои изразуваат бројчени релации како 3 < 5 ('3 е помало од 5'). Кај линеарно подреденото множество, секоја нееднаквост значи неравенство: ако , тогаш или според законот за трихотомија.
Својства
уредиНекои корисни својства на недднаквостите кај алгебрата се:
- Секој износ може да се додаде на обете страни.
- Секој износ може да се одземе од обете страни.
- Обете страни може да се помножат од било кој износ (кој не е 0).
- Обете страни може да се поделат од било кој износ (кој не е 0).
- Општо земено, секоја инјективна функција може да биде применета на обете страни.
Својството (5) е донекаде тавтолошко, бидејќи самите инјективни функции се дефинираат како функции кои секогаш ја зачувуваат нееднаквоста.
Ако на обете страни на нееднаквоста се примени функција која не е инјективна, добиениот исказ може да биде неточен. Екстремен пример е, ако f е константна функција, како множењето со нула, тогаш исказот „f(x)≠f(y)“ е секогаш неточен. Ова разгледување покажува зошто мораме да користиме суми кои не се 0 кај својството (3) погоре.