Невестата од Ламермур

Роман од Волтер Скот

Невестата од Ламермур (анг: The Bride of Lammermoor) ― историски роман од Волтер Скот, објавен во 1819 година. Дејството на романот се одвива на Ламермуршките Ридови во Југоисточна Шкотска, непосредно пред Актот за Унија од 1707 година (во првото издание), или кратко по Актот (во изданието од „Магнум“ од 1830 година). Во романот се раскажува за трагичната љубовна врска помеѓу младата Луси Ештон и непријателот на нејзиното семејство Едгар Равенсвуд. Скот навел дека се заснова на вистински настан. Невестата од Ламермур и Легендата за Монтроуз биле зедно анонимно објавени како трет дел од серијата Приказни за мојот сопственик од Скот. Врз основа на овој роман напишано е либретото за операта Лучија од Ламермур на Доницети од 1835 година.

Невестата од Ламермур
Равенсвуд и Луси крај Фонтаната на сирените од Чарлс Роберт Лесли
АвторВолтер Скот
ЗемјаШкотска
ЈазикАнглиски, Шкотски
СеријалПриказни за мојот сопственик
ЖанрИсториски роман
МедиумПечат
Страници269 (Единбуршка едиција, 1993)
ПретходнаThe Heart of Mid-Lothian 
СледнаA Legend of the Wars of Montrose 

Содржина

уреди

Романот ја раскажува трагичната љубов на Луси Ештон и Едгар, господарот од Равенсвуд. На татко му му била одземена титулата затоа што го поддржал соборениот крал Џејмс VII. Амбициозниот татко на Луси, Сер Вилијам Ештон, го купил нивниот имот во Равенсвуд. Едгар чувствува омраза кон Сер Вилијам затоа што го узурпирал имотот на неговото семејство, но откако ќе се сретне со Луси, тој се заљубува во неа и се повлекува од неговите планови за одмазда.

Горделивата и манипулативна сопруга на Сер Вилијам, Лејди Ештон, е антагонист во романот. Таа е одлучна да ја раскине свршувачката на Едгар и Луси и сака да ја натера Луси да склучи договорен брак со кој Лејди Ештон би имала повисок политички статус. Лејди Ештон ги пресретнува писмата кои Едгар ѝ ги праќа на Луси и сака да ја натера на Луси да верува дека Едгар ја заборавил. Едгар од Шкотска заминува во Франција. Додека е отсутен, Лејди Ештон продолжува со своите манипулации. Таа го убедува капетанот Вестењо на сите да им кажува дека Едгар ќе се ожени во Франција. Лејди Ештон исто така ја ангажира и „мудрата жена“ Ејлси Гарли (претставена како вештерка); таа на Луси треба да ѝ покаже докази за неверството на Едгар. Луси сè уште не попушта, таа бара Едгар да ѝ прати глас дека раскинал со неа; му пишува писмо. Лејди Ештон не го праќа писмото од Луси и го доведува пречесниот Бајд за на верска основа да ја убеди Луси. Но, Бајд ѝ помага на Луси да му испрати ново писмо на Едгар, но нема одговор.

Лејди Ештон конечно насилно ја приморува Луси да се омажи за Френсис, господарот од Бакло. Едгар се враќа еден ден пред свадбата. Откако ќе види дека Луси ги потпишала документите за брак со Френсис, тој се откажува од Луси, која едвај може да најде зборови. Следниот ден се одржува свадбата, а потоа следува и прослава во Равенсвуд. Додека гостите танцуваат, Луси во невестинската одаја со нож го прободува Френсис, и тој е тешко ранет. Одеднаш на Луси ја фаќа лудило и таа умира. Френсис закрепнува, но нејќе да каже што се случило. Едгар присуствува на погребот на Луси. Постариот брат на Луси, за смртта на Луси го обвинува Едгар, и го предизвикува на дуел. Едгар, очаен, неволно се согласува. Но, на пат кон местото закажано за дуел, Едгар паѓа во жив песок и умира.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди