На поетот (Коле Неделковски)
„На поетот“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски, дел од поетската збирка „Пеш по светот“, објавена во 1941 година, во Софија.
Осврт кон поемата
уредиВо оваа песна, Неделковски обработува мотив кој бил популарен кај социјалните поети од неговото време — социјалната мисија на поетот. Сепак, неговиот поетски израз далеку заостанува зад оној на истакнатите социјални поети. Социјалното во песната е повеќе присутно како чувство отколку како нов израз, односно стилот на песната е целонсо во духот на народната експресија. Со други зборови, во оваа песна, социјалното е многу повеќе временување — многу повеќе во мотивот и во идејната карактериологија на мотивските содржини.[1]
Наводи
уреди- ↑ Димитар Митрев, „Лириката на Коле Неделковски“, во: Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 24-25.