Нашата раса ќе владее неспорно над светот

Нашата раса ќе владее неспорно над светот ― измислен говор често цитиран во антисемитската пропаганда, наводно даден од рабинот Емануел Рабинович. Сепак, и говорот и рабинот Рабинович биле, како „Израел Коен“ од Расната програма за дваесеттиот век, измислени творби од Јустас Мулинс.[1][2]

Се тврди дека говорот бил одржан пред „Итниот совет на европските рабини“ во Будимпешта, Унгарија на 12 јануари 1952 година. Во него Рабинович го прикажува планот Евреите да го потчинат светот преку „Трета светска војна“. Овој фалсификат се зема како доказ за еврејски заговор против незнабошците на ист начин како што Протоколите на ционските старешини (повикани во говорот на Рабинович), се користат како доказ за еврејскиот светски заговор.[1][2]

Малинс тврдел дека добил копија од говорот од бугарски дипломат кој пребегнал од комунистичката влада. Според Мулинс, дипломатот се криел во Будимпешта каде што добил копија од говорот, а потоа избегал во Хамбург, Германија, каде што му било дадено името на Мулинс. Дипломатот потоа, наводно, се преселил во Соединетите Држави, каде на крајот се сретнал со Мулинс и му ја дал копијата.[2]

Говорот првпат бил објавен во мај 1952 година во изданието на Women's Voice и во септември 1952 година во изданието на Canadian Intelligence Service, објавено од Рон Гостик и антисемитски Канадски сојуз на правата. Исто така, се појавил во антисемитскиот целоформатен Common Sense, (A Newspaper Upholding Christianity and Patriotism) објавен од Конд Мекгинли. Весникот беил познат по неговата употреба на измислени цитати и приказни во текот на 1950-тите и 1960-тите, вклучувајќи го, познатиот, измислен цитат од Никита Хрушчов.[1][2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Boller, Paul F.; George, John (1990), They Never Said It: A Book of Fake Quotes, Misquotes, and Misleading Attributions, Oxford University Press, стр. 107–108, ISBN 978-0-19-506469-8 Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help).
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Kominsky, Morris (1970), The Hoaxers: Plain Liars, Fancy Liars, and Damned Liars, Branden Press, стр. 127–129.