Начини на давање на лековите
Изборот на начинот за давање на лекот зависи од заболувањето, како и од особините на лекот.
Постојат повеќе начини за давање на лекови. Сите тие би можеле да се формираат во три категории:
- давање преку дигестивен тракт (ентернално)
- давање со инјекции (парентерално)
- други начини
Давање на лекови преку дигестивен тракт
уредиЛековите на овој начин се даваат преку уста или поретко преку право црево . Преку уста. Тоа е најфизиолошки пат за давање лекови, а едновремено и најлесно прифатлив од пациентите. Лековите дадени преку уста се даваат со цел да дејствуваат во самиот дигестивен систем или поради општо (ресорптивно) дејство. Недостатоци на овој начин за давање лекови би биле тие што некои лекови кои се разградуваат во него не смееме да ги даваме на овој начин (лекови со белковинска структура), понатаму, лекови со многу брзо надразнувачко дејство, во случај ако е потребно многу брзо дејство. Постои уште еден недостаток на ваквиот начин за давање на лековите . Имено, ресорпцијата на некои лекови дадени на овој начин варира од човек до човек, додека некои лекови воопшто не се ресорбираат. Во таканареченото орално давање на лекови спаѓа и сублингвалното давање на лекови. Во овој случај, малата таблета (лингвета) се става под јазикот од каде што лекот многу брзо се ресорбира.
Брзината со која ќе настапи дејството на лековите земени преку уста , зависи од повеќе фактори, меѓу кои најважни се следниве:
- содржината во желудникот
- имено, при празен желудник лековите се ресорбираат побрзо
- киселоста т.е. алкалноста на содржината на желудникот.
Ректално. Вака се даваат некои лекови поради локалното дразнeчко дејство в желудник, кое доведува до гадење и повраќање, или пак ако пациентиот не може да го прими лекот преку уста (бессознание), а треба да се даде преку дигестивен тракт .
Давање на лекови со инјекции (Парентерално)
уредиОва е доста чест начин за давање лекови . Предимства на ваквиот начин за давање се:брзо дејство на лекот кое е важно во ургентни состојби, или кога пациентот е во бессознание и не смее да се дава преку уста .
Недостатоци на овој вид давање лекови би биле:
- човек најчесто при примањето на лекот зависи од друг човек
- бара стерилни услови
- може да доведе до компликации (емболии)
- поголеми и поопасни несакани дејства - особено од алергичен вид.
Постојат повеќе начини за давање на лековите со инјекции:
- интракутано (вакцини)
- субкутано (поткожно)
- интрамускуларно (во мускули)
- интравенозно (во вена)
- интратекално (во ’рбетномозочниот ликвор)
- интракардиално (во срце)
- интраосеално (во коски, кај деца)
- интраартикуларно (во зглобниот простор) ...
Инјекциата најчесто се дава во количина 1-2ml, ретко повеќе.
Други начини за давање лекови се:
Преку кожа. Денес на овој начин се даваат лекови скоро исклучиво за локална употреба , а не за општо дејство. Најчесто се даваат масти и пасти .
Со инхалација (вдишување). Во најголем број случаи вака се даваат испарливи течности или наркотични гасови , како и лекови кои делуваат локално врз бронхиалната слузница или мускулатура.