Нацртна геометрија
Нацртна геометрија е дисциплина од геометријата чија задача е тридимензионалните тела да ги претстави во дводимензионален простор со користење на соодветни методи. Оваа дисциплина наоѓа голема примена во инженерството, архитектурата, дизајнот и ликовната уметност.[1] За татко на нацртната геометрија се смета францускиот математичар Гаспар Монж, кој ја развил оваа техника на цртање во XVIII век.[2]
Проекцијата претставува теориска основа на нацртната геометрија. Со проектирање, просторните објекти се исцртуваат во соодветна проекциона рамнина. Добиениот лик зависи од перспективата од која го гледаме телото.
Наводи
уреди- ↑ Joseph Malkevitch (April 2003), „Mathematics and Art“, Feature Column Archive, American Mathematical Society
- ↑ Ingrid Carlbom, Joseph Paciorek (December 1978), „Planar Geometric Projections and Viewing Transformations“, ACM Computing Surveys, 10 (4): 465–502, doi:10.1145/356744.356750
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |