Национален парк Абшерон
Национален парк Абшерон (азерски: Abşeron Milli Parkı) — национален парк на Азербејџан, кој бил основан на 8 февруари 2005 година со декрет на претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, на површина од 7,83 км² во административната територија на округот Азизбејов во градот Баку, врз основа на Државниот природен резерват Абшерон.[1]
Национален парк Зангезур Abşeron Milli Parkı | |
---|---|
Местоположба | Ваку |
Површина | 7,83 км² |
Управа | Република Азербејџан Министерство за екологија и природни ресурси |
Прогласено: | 8 февруари 2005 |
Државен природен резерват Абшерон
уредиДржавниот природен резерват Абшерон бил создаден во јули 1969 година со цел да ги заштити газелите, касписки фоки и водените птици кои ја населуваат територијата. Климата во областа е степка, која преминува во пустинска. Видовите и фитомасата на флората се пресиромашни тука, растенија се менуваат во зависност од водата и солта во областа. Крајбрежните морски песочни растенија (42,6%), ливади и трева (13,2%), едногодишни солени треви (5,2%) се раширени во областа.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Azerbaijan National Parks from Tourism Azerbaijan април 2009.
Надворешни врски
уреди- Национален парк Абшерон (англиски)