Наум Бочваров
Наум Бочваров бил деец на ВМОРО.
Животопис
уредиНаум Бочваров е роден во битолското село Цапари во 1880 година. Како млад се приклучил на револуционерната организација. Тој како деец на ВМОРО, учествувал во битолско и ресенско со војводите Давидов и Арсов. Учествувал во битките против Османлиите кај селата Шурленци и Избишта, како и на други места по битолско и ресенско. По предавство кое било направено бил уапсен од Османлиите и лежел во битолскиот затвор.[1]