Натан Метенје (Nathan Méténier) (роден на 13 јуни 1999 година) е француски активист за климата и животната средина. Тој бил еден од најмладите членови на првата младинска советодавна група на Обединетите нации за климатски промени од 2020 до 2022 година,[1][2][3][4][5][6][7] и е основач на Генерација Климатска Европа,[8] најголемата коалиција на мрежи предводени од младите на европско ниво, притискајќи за посилна акција од ЕУ за климатските и еколошките прашања.

Живот

уреди

Натан Метенје пораснал во Гренобл,[9] на француските Алпи каде што можел од прва рака да го набљудува ефектот на климатските промени. Тој изјавил: „Ги видов промените, видов како мразот исчезнува и го видов колапсот на Мон Блан“.[8]

Работел и бил вклучен во многу организации и движења, особено како регионален директор на Јотфорнејчр и портпарол на Јот Енвиромент Јуроп. Дипломирал на Институтот за политички студии во Гренобл. Студирал на Лондонската школа за економија.[10][11]

Од 2019 до 2021 година, Метенје бил член на Одборот на Јот Енвиромент Јуроп. Тој е основач и координатор на Генерација за климатска Европа.[10]

Во јули 2020 година, до 2022 година, Метенје бил именуван од генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во првата група на Младинската советодавна група за климатски промени, група од седум млади климатски лидери за да го советуваат за акција за климатската криза за одреден период од две години.[12][13] Метенје бил еден од најмладите во групата, која се движела од 18 до 28 години. Тој бил единствениот кој ја претставувал Франција и западна Европа.[12]

Активизам

уреди

Метенје особено се фокусирал на зајакнување на гласот на младинските движења во Брисел.[1][3][7] Тој ја основал Генерација за климатска Европа во 2019 година со амбиција да ги собере главните европски младински движења кои се активни за еколошки прашања.[11]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ferrer, Marthe de (2020-10-19). „The UN's 21-year-old climate advisor: Who is Nathan Méténier?“. living (англиски). Посетено на 2021-04-28.
  2. Nations, United. „The Youth Advisory Group on Climate Change“. United Nations (англиски). Посетено на 2021-04-28.
  3. 3,0 3,1 „Nathan Méténier, le militant écolo devenu jeune conseiller climat auprès de l'ONU“. Le Monde.fr (француски). 2021-01-05. Посетено на 2021-04-28.
  4. „UK's oil consultant contract for climate talks sparks concern“. France 24 (англиски). 2021-03-10. Посетено на 2021-04-28.
  5. „Meet the 20-Somethings Advising the UN Chief on How to Save Planet Earth“. www.passblue.com. Посетено на 2021-04-28.
  6. Ibach, Christelle; Magazine, Rédactrice pour Cadre Dirigeant; Strasbourg (2020-09-29). „Nathan Méténier, premier Français conseiller climat pour l'ONU à 21 ans“. Cadre & Dirigeant Magazine (француски). Посетено на 2021-04-28.
  7. 7,0 7,1 „A 21 ans, Nathan Méténier devient le premier Français conseiller climat auprès de l'ONU“. Les Echos Start (француски). 2020-09-01. Архивирано од изворникот на 2021-04-28. Посетено на 2021-04-28.
  8. 8,0 8,1 Ferrer, Marthe de (2020-10-19). „The UN's 21-year-old climate advisor: Who is Nathan Méténier?“. euronews (англиски). Посетено на 2021-08-14.
  9. „Nathan Méténier - cap vert - Transitions“. www.grenoble.fr (француски). Посетено на 2021-04-28.
  10. 10,0 10,1 „Nathan Méténier - Advocacy Manager ⋆ YEE“. YEE (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-04-30. Посетено на 2021-04-28.
  11. 11,0 11,1 Guihéneuf, Léna (2020-09-21). „Nathan Méténier, étudiant londonien et conseiller climat auprès de l'ONU“. French Morning London (француски). Посетено на 2021-04-28.
  12. 12,0 12,1 Blazhevska, Vesna. „Young leaders tapped to invigorate UN's climate action plans, hold leaders to account“. United Nations Sustainable Development (англиски). Посетено на 2021-08-14.
  13. Nations, United. „The Youth Advisory Group on Climate Change - 2020“. United Nations (англиски). Посетено на 2024-06-21.

Надворешни врски

уреди