Генерација Климатска Европа
Генерација Климатска Европа (ГКЕ) е коалиција на најголемите европски младински организации кои заеднички се залагаат за преземање на повеќе климатски акции и активности од страна на европските институции. [1][2]
Историја
уредиГенерација Климатска Европа (ГКЕ) започнала во септември 2019 година. Основачки членови на ГКЕ се Меѓународната федерација на католички парохиски младински движења (FIMCAP), Европската унија на студенти (ESU), Млади и животна средина на Европа (YEE), Асоцијацијата на Европски Студентски Структури (AEGEE) и Climates. Во меѓувреме, низа други големи младински организации се приклучија на коалицијата. [3] [4]
Основни побарувања
уредиГенерација Климатска Европа е основана со цел да ги обедини гласовите и напорите на најголемите европски младински невладини организации, залагајќи се заедно кон преземање повеќе климатски акции од страна на европските институции. Коалицијата ги формулираше следниве основни барања: [5]
- Европскиот совет да прогласи климатска криза. Климатските активности треба да бидат интегрирани во политиките на ЕУ. Сите одлуки се претходно да се проценуваат за нивното влијание врз климата.
- Младите да бидат вклучени во процесите на донесување одлуки, како што е на пример процесот на изготвување на Европскиот зелен договор.
- ЕУ да ги зајакне своите Национално утврдени придонеси (NDC) пред 2020 година со цел да се усогласи со максималното зголемување од 1,5 ° С. ЕУ, исто така, треба веднаш да донесе долгорочна климатска стратегија за нула емисии на јаглерод диоксид, најдоцна на следниот Европски совет во октомври 2019 година.
- Субвенциите и новите проекти за фосилни горива да бидат веднаш прекинати. На ЕУ ѝ треба брза и сеопфатна транзиција кон исклучиво чиста обновлива енергија.
- Трошоците настанати со транзицијата кон поодржливо општество и економија на краток рок, треба да бидат распределени на социјално правичен начин. Оние кои можат најмногу да си дозволат треба најмногу да се посветат.
- Генерација Климатска Европа бара повеќе инвестиции и поголем фокус да се стави на обезбедување на одржливи мрежи на транспорт ширум Европа. Тековната инфраструктура ќе се модернизира со цел да се следи побарувачката за одржливо патување и да се намалат трошоците за транспорт. Треба повторно да се воведат ноќни возови и да се спроведе данок за употреба керозин.
- Поголем акцент да се стави на образованието како средство за зајакнување на младите и овозможување пристап на алатки за постигнување нула емисии на јаглерод диоксид и циркуларна економија.
Организациски членки
уредиИме | Акроним | Статус |
---|---|---|
Меѓународна федерација на католички парохиски младински движења | FIMCAP | Членка-основач |
Европска унија на студенти | ESU | Членка-основач |
Млади и животна средина на Европа | YEE | Членка-основач |
Клими | Climates | Членка-основач |
Асоцијација на Европски Студентски Структури | AEGEE | Членка-основач |
Меѓународни млади пријатели на природата | IYNF | Членка |
Организирачко Биро за студентски унии на европски училишта | ОБЕССУ | Членка |
Студентска мрежа Еразмус | ESN | Членка |
Наводи
уреди- ↑ Lacroux, Margaux (2019-09-20). „Jeunes pour le climat : «Nous voulons être associés aux décisions de l'UE»“. Libération.fr (француски). Посетено на 12 ноември 2020.
- ↑ Simon, Frédéric (2020-01-28). „Timmermans kicks off debate over landmark EU 'Climate Law'“. www.euractiv.com (англиски). Посетено на 12 ноември 2020.
- ↑ „Generation Climate Europe“. gceurope.org. Посетено на 2020-03-15.
- ↑ „ESN joins Generation Climate Europe | ESN.org“. Erasmus Student Network (англиски). 2020-01-30. Посетено на 12 ноември 2020.
- ↑ „Statement GCE September 2019“ (PDF). Посетено на 12 ноември 2020.[мртва врска]
- ↑ „Generation Climate Europe“. gceurope.org. Посетено на 12 ноември 2020.