Наталија Макарова
Наталија Макарова — руска примабалерина и кореограф во пензија.
Биографија и образование
уредиРодена е во 1940 година во Санкт Петербург. Образованието за балет во Академијата Ваган го започнала доцна, на 13 годишна возраст. Поради нејзиниот талент, таа била запишана во училиштето, на експерименталниот оддел, каде за шест години успешно ја завршила деветгодишната програма. Веднаш по завршувањето на училиштето, таа станала член на театарот Мариински / Киров, набрзо и солистка, а потоа примабалерина.
Иселување на Запад
уредиЗа време на посетата на Лондон во септември 1970 година таа поднела барање и добила политички азил. Наскоро заминала во Америка и станала примабалерина на Американскиот балетски театар во Њујорк. Две години подоцна, таа започнала да работи и со Кралскиот балет од Лондон. Во текот на следните две децении, таа обиколила многу светски сцени со овие две компании.
За време на нејзината кариера, таа играла голем број на улоги.
По крајот на танцувачката кариера, таа се занимавала со кореографија.
Враќање во Русија
уредиСо падот на комунистичкиот режим и Советскиот Сојуз, се создадале услови за враќање на руските уметници кои ја напуштиле својата татковина во текот на претходните децении. Меѓу нив била и Макарова, која никогаш не зборувала лошо за својата земја. Нејзиното враќање во 1989 година е овековечено во документарниот филм „Враќањето на Макарова“. По дваесет години, таа повторно настапила на домашна сцена, во градот каде што е родена.