Нарине Абгарјан ( ерменски: Նարինե Յուրիի Աբգարյան) родена во Берд, провинција Тавуш, Ерменија на 14 јануари 1971 година) е руска писателка и блогерка со ерменско потекло.[1][2]

Нарине Абгарјан
Нарине Абгарјан во 2012
Изворно имеерменски: Նարինե Յուրիի Աբգարյան
Роден/аНарине Абгарјан
14 јануари 1971
Берд, Ерменија, Советски Сојуз
ЗанимањеПисателка, блогер
Апсолвент наДржавен универзитет за јазици и општествени науки Ереван Брусов, Универзитет за јазици Ереван Брусов
Период2010–сега
ДецаЕмил Медников (26 ноември 1995)

Во 2011 година, Абгарјан беше номиниранa за наградата Голема книга и за лауреат на книжевната награда Јаснаја Полјана, Русија, во 2016 година.

Таа е авторка на Мануња, Луѓе кои се секогаш со мене,[3] Три јаболка паднаа од небото,[4] Симон и други. Во 2020 година, Гардијан ја прогласи за една од најпаметните автори во Европа.[5]

Биографија

уреди

Абгарјан е родена во Берд, провинција Тавуш, Ерменија, во семејство на лекар и учител.Најстара е во семејството од пет деца. Нејзиниот дедо од страна на таткото бил ерменски бегалец од Западна Ерменија, а нејзината баба била родум од Источна Ерменија. Нејзиниот дедо по мајка бил исто така Ерменец, родум од Карабах, а бабата Русинка, родум од Архангелск во Русија. Најстара е во семејството од пет деца.[1]

Има син Емил Медников роден во 1995 година.[6]

Образование

уреди

Во 1988 година, Абгарјан завршила средно училиште во Берд, Ерменија. Посетувала и музичко училиште каде што се специјализирала за пијано.

Во 1993 година дипломирала на Универзитетот за јазици, Ереван Брусов. Дипломирала настава по руски јазик и литература.[7][8]Подоцна се преселила во Москва каде работела како сметководител и продавачка.[9]

Кариера

уреди

Абгарјан пишувала блог за девојчето наречено Мануиња, кој ја фасцинирал писателката Лара Гал, и таа ја запознала автороката со уредникот на издавачката куќа Астрел-Спб.[7][10] Автобиографскиот роман Мануња ја доби руската национална книжевна награда „Ракопис на годината“.[11] Подоцна, Абгарјан продолжила да пишува трилогија за Мануња.

Во 2012 година бил објавен Семјон Андреевич, Ракопис во чкртаници – илустриран од Викторија Кирдиј.[12]

Во 2014 година во коавторство со Валентин Постников, бил објавен „Чоколаден дедо“. Тоа е единствената нејзина книга за деца.[13] Во август 2015 година, Абгарјан ја добила наградата за литература Александар Грин[14] „за нејзиниот исклучителен придонес во развојот на националната литература“.

Во март 2020 година, нејзиниот роман Три јаболка паднаа од небото бил преведен на англиски од Лиза К. Хејден..[4][5]

Романот на македонски јазик е издаден во 2022 година од издавачката куќа „Муза“ - Скопје.

Мануња била изведена од Младинскиот театар СамАрт, Русија. [15][16][1]

Во 2021 година започнало снимањето за ТВ адаптација на Мануња, а во 2023 година започнала работата на анимирана адаптација на Мануња од Сарик Андреасјан.[17]

Награди

уреди
  • 2011 – Награда за ракопис на годината за Мануња[18]
  • 2011 година – номинирана за наградата Голема Книга во 2011 година.
  • 2013 – Награда Baby-Нoc.[19]
  • 2015 – Руска книжевна награда Александар Грин за исклучителен придонес во развојот на руската литература преку создавањето на особено значајно книжевно дело или дела. [20]
  • 2016 година – Награда „Јаснаја Полјана“ за номинација „XXI век“ за романот Три јаболка паднаа од небо . [21]

Нејзината збирка раскази „Семјон Андреевич, хроника во чкртаници“ е прогласена за најдобра детска книга во последната деценија во Русија.[11]

Библиографија

уреди
 
Абгарјан потпишува книги
  • 2010 – Мануња, роман
  • 2011 – Мануња пишува фантастичен роман, роман
  • 2011 – Девојка за трансплантација, роман
  • 2012 – Мануња, јубилеј на Ба и други агитации, збирка раскази
  • 2012 – Семјон Андреевич. Хроника во чкртаници, роман
  • 2014 – Луѓе кои се секогаш со мене, роман
  • 2015 – Три јаболка паднаа од небото, роман
  • 2015 – Среќата на Мура, роман
  • 2016 – Зулали, збирка раскази
  • 2016 – Луѓе од нашиот двор, збирка раскази
  • 2018 – To Live On, збирка раскази
  • 2020 – Симон, роман


  1. 1,0 1,1 1,2 „Наринэ Абгарян: детство — это счастье, не важно, в какой стране оно было“. 29 October 2019.
  2. „Наринэ Абгарян: Я похудела на 10 килограммов, когда писала о войне“.
  3. „Наринэ Абгарян "Симон" - Книжные новинки“. www.moscowbooks.ru.
  4. 4,0 4,1 „Review: Three Apples Fell From the Sky“. The Common (англиски). 2021-01-26. Посетено на 2022-05-24.
  5. 5,0 5,1 „The Guardian включила Наринэ Абгарян в шестерку самых ярких авторов Европы“. Издательство AST.
  6. „Narine Abgaryan“. www.facebook.com (руски). Посетено на 2020-10-26.
  7. 7,0 7,1 „День рождения Наринэ Абгарян“. Архивирано од изворникот на 2021-01-22. Посетено на 2024-04-05.
  8. „Наринэ Абгарян - биография, библиография, экранизации, награды“. bookmix.ru.
  9. Стулова, Арина (October 30, 2020). "Я так и осталась робкой "понаехавшей". Известия.
  10. „Наринэ Абгарян — биография, библиография, экранизации, награды“. Архивирано од изворникот на 2016-04-16. Посетено на 2016-02-14.
  11. 11,0 11,1 „Наринэ Абгарян: Война начинается, но никогда не заканчивается“. Радио Свобода.
  12. „Наринэ Юрьевна Абгарян| Папмамбук“. www.papmambook.ru.
  13. „Наринэ Абгарян: нам позволено безнаказанно фантазировать“. October 2, 2018.
  14. „The laureates of the Alexander Grin Literature Award became Narine Abgaryan and Irina Pulya“. Архивирано од изворникот на 2015-10-05. Посетено на 2024-04-05.
  15. Happy «Manyunya» Архивирано на 12 март 2016 г. «Samarskaya Gazeta», 13.12.2014
  16. Екатерина Шишикина В Омском ТЮЗе состоялась премьера спектакля «Манюня», поставленного петербургским режиссёром Евгенией Никитиной.
  17. „Появились кадры с персонажами мультсериала "Манюня" Сарика Андреасяна“. www.soyuz.ru (руски). Посетено на 3 December 2023.
  18. „Наринэ Абгарян "Манюня" | СКУНБ им. Лермонтова“. www.skunb.ru.
  19. „Наринэ Абгарян получила премию "Baby-НОС". Архивирано од изворникот на 2018-02-26. Посетено на 2016-06-03.
  20. „Премия имени А. С. Грина — 2015“. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 2017-11-30.
  21. „Ясная поляна, 2016“. Архивирано од изворникот на 2016-11-11. Посетено на 2016-11-10.