Напад на мисија во Кина

Напад на мисија во Кина (англиски: Attack on a China Mission) - британски филм од 1900 година, во режија на Џејмс Вилијамсон, кој е автор и на сценариото.

Синопсис

уреди

Дејството на филмот се одвива за време на Боксерското востание во Кина. Група Кинези го напаѓаат седиштето на британски мисионери при што еден човек се обидува самиот да им се спротивстави на напаѓачите за да ја одбрани жената. Сепак, напаѓачите се побројни и успеваат да го совладаат. За среќа, британските војници ги напаѓаат кинеските бунтовници и ги ослободуваат заробениците.[1]

Наводи

уреди